Пожарите на Крф подметнати

Атина, 4 август 2011 (МИА) - Пожарот на грчкиот остров Крф уништи околу 130 хектари борова шума и маслинови насади, изјави денеска градоначалникот на главниот град на островот, Јанис Трепеклис, додавајќи дека нема сомневање оти огнот е подметнат.

Жариштето на пожарот кој во вторникот изби на 19 различни локации, укажува дека без сомнение се одговорни пирмоманите, рече Трепеклис.

- Тоа е кривично дело, изјави Трепеклис и додаде дека еден 31-годишен маж е уапсен и оти против него ќе биде покренато обвинение. Според медиуимите, тој признал дека подметнал еден од пожарите.

Пожарот се проширил по 40 километри долгиот појас на североисточниот дел на островот во близина на населените места, но не претставува закана за туристичките одморалишта.

Во Грција секое лето избувнуваат пожари поради високите темеператури и силните ветрови, а често се и подметнати иако ретко се случува виновниците да се фатат.

Во пожарите во 2007 година 77 луѓе загинаа, а уништени се повеќе од 250.000 хектари земја воглавно на Пелопонез и островот Евија.

Повеќе стотина луѓе се евакуирани од околината на Атина во 2009 година заради пожар кој го зафати источното предградие на грчкиот главен град.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...