Нема договор за Косово, преговорите продолжуваат

Приштина, 5 август 2011 (МИА) - Блокадите на северниот дел на Косово продолжуваат откако Србија и НАТО не успеаа да постигнат договор за спорните гранични премини  Брњак и Јариње.

Шефот на преговарачкиот тим на Белград Борислав Стефановиќ и командантот на силите на КФОР на Косово Ерхард Булер синоќа разговараа пет часа, но преговорите ги прекинаа нешто пред полноќ, без да биде постигнато решение.

Стефановиќ беше навистина оптимистички настроен, но нема договор, изјави локалниот српски претставник Драгиша Миловиќ, по средбата во базата на КФОР. Тој, истакна дека разговорите ќе продолжат денеска.

Србите, кои доминираат со северниот дел на Косово, останаа на блокадите кои ги поставија пред десетина дена на сите главни патишта. Блокадите почнаа на 27 јули, еден ден откако владата на Хашим Тачи се обиде да ја преземе контролата над граничните премини Брњак и Јариње, во северниот дел на Косово.

КФОР предложи привремено да ја преземат контролата над спорните гранични премини, додека истовремено косовските Срби и властите во Приштина да именуваат службеници кои ќе работат на двата гранични премини. Србите, исто така ќе треба итно да ги отстранат блокадите, а во замена Приштина треба да го олесни трговското ембарго на српските стоки и да им дозволи на помалите камиони да влегуваат од Србија на Косово. Косовската влада првично го отфрли овој предлог, но подоцна објави дека ги прифаќа „следните чекори“ без дополнителни детали.

Во март Белград и Приштина започнаа разговори со посредство на ЕУ за рашавање на косовското прашање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...