Дипломатска акција на Србија

Белград, 12 септември 2011 (МИА) - Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Србија води дипломатска акција за да ги спречи намерите на косовскиот премиер Хашим Тачи на административните премини да постави цариници на косовските власти.

- Веруваме во намерите на меѓународните безбедносни сили, но сме многу загрижени поради фактот што некои сакаат повторно да запалат оган на судири. Степенот на безбедност е истиот, односно како и досега, зголемен, со цел да се зачува мирот во ова подрачје, нагласи Дачиќ.

Тој истакна дека Србија води дипломатска акција за спречување на таквите дејствувања на приштинските власти. 

- Водиме акции за да го спречиме Тачи и неговите проценки дека сега е идеален момент за такви чекори поради очекувањето на кандидатскиот статус на Србија за членство во ЕУ, објасни Дачиќ, додавајќи дека „распоредувањето на неколку цариници не е безбедносен туку проблем во симболичка смисла“.

Таквиот симболички потег, според српскиот министер, за Тачи ќе значи дека е остварен некој нивни интерес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...