НАТО предизвикува нов конфликт на Балканот

Москва, 29 септември 2011 (МИА) - Меѓународната мисија на НАТО во Косово (КФОР) со последните акции на граничните премини провоцира нов конфликт во регионот, а Алијансата ги игнорира повиците за формирање на комисија која ќе изврши истрага на злосторствата извршени над цивилното население во северниот дел на Косово, изјави рускиот амбасадор во НАТО, Дмитриј Рогозин.

- Изгледа дека моите колеги од НАТО очигледно не разбираат какви може да бидат последиците на нивното учество во конфликтот, изјави Рогозин за телевизијата „Раша Тудеј“ и истакна дека НАТО прави уште една грешка со провоцирање конфликт на Балканот.

Руската телевизија пренесе дека Рогозин побарал од НАТО да формира комисија која ќе ги истражи злосторствата извршени врз цивили на Косово.

- Побарав спроведување на објективна истрага за тоа што прават мировните војници на НАТО во Косово. Но, тие го игнорираат моето прашање, истакна Рогозин.

Доколку НАТО е загрижен за својата репутација, тогаш би требало веднаш да престане со ова, повторно да биде неутрален и да спроведе истрага на злосторствата кои се извршени над цивили во северот на Косово, изјави рускиот амбасадор.

Руската телевизија наведува дека КФОР кај преминот Јариње распоредил дополнителни оклопни возила, вреќи со песок и дека поставил бодликава жица.

- Наместо да заземат неутрална позиција во согласност со Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, тир се држат на косовско-албанска страна, изјави Рогозин.

Тој истакна дека НАТО го блокира единствениот пат на живот меѓу косовските Срби и Србија и ги обвини меѓународните мировници дека се вмешани во цивилен судир во северниот дел на Косово.

- Сведоци сме на отворени лаги за тоа каков вид на мерки се употребени против цивилното население на Косово. Беше соопштено дека за време на вчерашните настани се употребени единствено гумени куршуми и солзавец. Но, според информациите од болниците, сите имаат прострелни рани, изјави Рогозин.

Рускиот амбасадор истакна дека Русија ќе го поддржи и заштити цивилното население и дека на тој начин ќе ги заштити одлуките на Советот за безбедност на ОН.

„Раша Тудеј“ ја пренесе и изјавата на Џон Лафленд од парискиот Институт за демократија и соработка, кој нагласи дека распоредувањето на КФОР во Косово повторно го активирало „замрзнатиот конфликт“. Тој нагласи дека верува оти регионот повторно би можел да биде мирен доколку КФОР ги повлече своите сили од северниот дел на Косово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...