kapital

Србија добива датум за преговори, Македонија е среќна со препорака?!


Што ќе донесат извештаите од Брисел?

Заедно со Извештајот за напредокот за 2010 година, Србија ќе добие кандидатски статус, а во ист пакет и датум за преговори, кои според европските дипломати, ќе се одложат за наредната година, ексклузивно објавува Ројтерс. Македонија, која трета година по ред, според најавите, ќе добие само препорака за започнување на преговорите, останува во ист кош со Албанија, Босна и Херцеговина и Косово. Последните информации се и дека Црна Гора, која лани доби кандидатски статус, најверојатно оваа година заедно со Извештајот ќе добие датум за преговори.

За ваквата информација знаат и во македонското Министерство за надворешни работи. Оттаму велат дека за релевантноста на информациите веќе го контактирале и македонскиот амбасадор во Белград, Љубиша Георгиевски.

Од Секретаријатот за европски прашања без да коментираат дали Македонија назадува или не, се радуваат на успехот на соседите.

“Прогресот во насока на приближување кон ЕУ на било која земја од регионот за нас е добра вест и покажува позитивно движење на регионот кон ЕУ“, велат до Секретаријатот.

Така засега останува само изјавата на вицепремиерката Теута Арифи, која по својата официјална посета во Брисел, се врати со порака дека оваа година очекува земјава да добие уште една препорака за датум за преговори со ЕУ. Таа рече дека позитивно била оценета и работата во однос на реализирање на листата на задачи од Филе и Санино, но потребен e дополнителен прогрес, во реформите во јавната администрација и во судството. Нерешениот спор за името, секако, останува главниот проблем кој нe кочи од датумот за преговори.

Пораката, пак, од еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, беше дека Извештајот за Македонија ќе ја отсликува реалноста и фактичката состојба во земјата. Тој порача дека до декември, ако се најде компромисно решение со Атина, Европската унија може да и одреди датум за преговори за Македонија.

Од Секретаријатот не конкретизираат дали Унијата ќе помогне во решавањето на спорот за името. Оттаму само тврдат дека Унијата секогаш била и се уште е заинтересирана за изнаоѓање на решение.

Србија ќе биде наградена за реформите и за предавањето на воените злостроници во Хаг

Според информациите кои ги пренесува Ројтерс, со кандидатскиот статус и препораката за преговори, извршната власт на ЕУ сака да ја награди Србија за предавањето обвинети за воени злосторства во судот во Хаг. Со овој статус, Европската унија, пишува Ројтерс, сака да му оддаде признание на Белград за напорите кои тамошната власт ги направила за реформа на државните институции и резултатите кои ги покажале во борбата со корупцијата и криминалот.

Унијата сакала во пакет со кандидатскиот статус да и додели и датум за преговори на Србија, но сепак поради тензиите со Косово, пишува Ројтерс, Унијата решила овој процес да го одложи кога тензиите и дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе се подобрат. Така, Комисијата може да препорача, датумот за преговори да се определи во наредните 12 месеци, пред објавувањето на следниот Извештај. Инаку, вчера беше откажан последниот круг од преговорите, кои се водат со посредство на ЕУ во Брисел, откако белградската делегација се спротивстави на планираниот дневен ред.

ШУЛЦ: ЕУ ДА ИГРА УЛОГА НА “ПОКРОВИТЕЛ-ПОСРЕДНИК“ ВО СПОРОТ СО ИМЕТО

Европската унија би требало да игра улога на покровител-посредник во решавањето на спорот со името меѓу Македонија и Грција, вели европратеникот и најверојатно иден претседател на Европскиот парламент, Мартин Шулц, во изјава за Дојче Веле.

Во Европскиот парламент прашањето за евроинтеграциите на Република Македонија и нејзиниот спор со Грција, со исклучок на европратениците кои тие прашања ги следат директно, не се наоѓаат во фокусот на интересот, кој во моментов е насочен кон решавање на должничката криза и спасот на еврозоната.

Според него, решението на проблемот треба да биде пронајдено преку еден вид посредништво на ЕУ.

“Тоа, се разбира, е билатерален конфликт меѓу држава-кандидат и држава-членка, но тој проблем се однесува на сите нас. Кога велам сите, мислам на сите држави-членки, но пред се на Европската унија како таква. Затоа, мислам дека решението на проблемот може да биде пронајдено под еден вид посредништво на Европската унија. Добро знам дека надлежните во Европската комисија веќе подолго време се мачат да изнајдат средство за да ги намалат тензиите кои искрено постојат. Признавам дека не знам дали е постигнат напредок, бидејќи веќе подолго време не сме дискутирале за проблемот поради должничката криза во еврозоната“, појаснува Мартин Шулц.

ПОСЕЛТ: МЕРКЕЛ РАЗГОВАРА СО ПАПАНДРЕУ ЗА ИМЕТО

Германскиот европратеник, кој не ги крие симпатиите и отворено ја поддржува евроатланската интеграција на Македонија, Бернд Поселт, е уверен дека ќе дојде до деблокирање на датумот за преговори. Тој тврди дека грчкиот премиер, Јоргос Папандреу, кој е во официјална посета на Германија, поради економската криза во Грција, разговара за името со канцеларката на германија, Ангела Меркел.

“Да! Се надевам дека тоа ќе се случи годинава или во текот на идната година, бидејќи сега постои извесна флексибилност во Грција и сигурен сум дека германската канцеларка Меркел на оваа тема разговара со грчкиот премиер на средбата во Берлин“, вели тој.

Иако високите претставници на ЕУ демантираат, Поселт останува на ставот дека е можно преговорите да почнат и без решение на проблемот со името.

“За мене тоа е можно. Едното со другото не треба да се поврзуваат, но мислам дека ќе биде полесно за двете страни ако најдат решение - што апсолутно го поддржувам“, изјави Поселт.

Копретседателката на групата на Зелените во ЕП, Ребека Хармс, пак, се надева дека во моментот кога Европската унија се покажува солидарна со Грција преку плановите за нејзин спас, Грција исто така ќе се покаже солидарна со ЕУ во однос на европските интеграции на Македонија.


Габриела Делова



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...