Санадер ги отфрли сите обвиненија против него

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер пред загребскиот суд ги отфрли обвиненијата за злоупотреба и корупција во два одделни случаи во 1994-1995 година и во 2008 година, објави неговиот адвокат Чедо Продановиќ.

Иво Санадер за прв пат се јави пред судот. Тој е во притвор од 18. јули оваа година по екстрадицијата од Австрија, каде беше уапсен на 10 декември по барање на хрватските власти.

Санадер е обвинет за злоупотреба на службени овластувања и финансиски шпекулации во услови на војна. Хрватската служба за борба против корупцијата и организираниот криминал тврди дека како заменик-министер за надворешни работи Санадер се договорил со австриската банка „Нуро" за исплата на провизија од 500.000 евра во 1994-1995 година, кога Хрватска во услови на војна тешко наоѓала банки за добивање на кредити. Тој добил целосната провизија, откако хрватската влада го потпиша со „Нуро“ договорот за кредит.

Ова е првото обвинение против Иво Санадер, покренато од обвинителството на 31. август. Потоа на 23. септември поранешниот премиер беше обвинет дека во 2008 година добил поткуп во износ од 10 милиони евра од раководството на најголемата унгарска нафтена-гасна компанија Мол.

Според хрватските медиуми против него се водат 7 истраги за извршување на различни злосторства - од поттикнување, добивање на поткуп, злоупотреба на власта и учество во криминални групи. Се претпоставува дека на тој начин на државата и е нанесена финансиска штета во износ од преку 10 милиони евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...