НАТО загрижен околу ситуацијата на Косово

Брисел, 6 октомври 2011 (МИА) - Министрите за одбрана на НАТО изразија загриженост во однос на последните инциденти на Косово, кои можат да го забават планот за намалување на мировната мисија на Косово, изјави министерот за одбрана на Хрватска Давор Божиновиќ.

- Хрватска пројави голем интерес за ситуацијата на Косово, бидејќи учествува во мисијата со два хеликоптери и 20 војници, изјави Божиновиќ.

- На состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО беше изразена загриженост од последните настани во Косово, кои најверојатно ќе влијаат на плановите за намалување на мисијата на КФОР, рече Божиновиќ по првиот ден од состанокот во Брисел.

Меѓу другото, на состанокот е разговарано и околу идното реформирање на Алијансата и операциите на НАТО во Либија, Авганистан и Косово.

- Јасно е дека решение за ситуацијата на Косово може да се најде единствено преку политички договор меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ. Ние се надеваме дека сите заинтересирани страни, особено директните учесници во регионот, ќе покажат значителна политичка волја за надминување на сегашната ситуација, изјави хрватскиот министер за одбрана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...