Бројот на жртвите од земјотресот во Турција надмина 200 лица

Анкара, 24 октомври 2011 (МИА) - Во силниот земјотрес кој вчера го погоди југоисточниот дел на Турција, се стравува дека загинале околу 1.000 луѓе, но досега се пронајдени повеќе од 200 тела, а над илјада се повредни.

Турскиот министер за внатрешни работи Идрис Наим Сахин изјави дека 100 лица загинале во градот Ван и 117 во градот Ерчис, а се стравува дека овој број ќе биде многу поголем, бидејќи повеќе стотици луѓе се водат како исчезнати.

Во спасувачките операции, кои продолжија цела ноќ, учествуваат 1.275 спасувачки екипи од 38 градови и 145 медицински возила. Војската учествува со шест батаљони војници, шест хеликоптери и воени авиони С-130 кои пренесуваат шатори, храна и лекови.

Околу 200 затвореници побегнале од затворот во градот Ван откако зградата е оштетена во земјотресот, но 50 се вратиле назад по посетата на семејствата.

- Досегашните проценки покажуваат дека околу 1.000 згради се оштетени, а бројот на загинатите би можел да биде 500 или 1.000, истакна генералниот директор на сеизмолошкиот институт Кандили Мустафа Ердик.

Поради земјотресот се прекинати телефонските врски и нема електрична енергија во овој дел од земјата.

Земјотресот бил со интензитет од 7,3 степени според Рихтер со епицентар на 19 километри североисточно од градот Ван, на длабочина од 7,2 километра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...