Најмалку 279 мртви, стотици лица исчезнати

Анкара, 25 октомври 2011 (МИА) - Спасувачките екипи и натаму се во потрага по жртви и преживеани и ги пребаруваат урнатините на зградите од разурнувачкиот земјотрес во кој на југоистокот на Турција загинаа најмалку 279 лица, додека околу 1.300 се повредени.

Спасувачите се концентирани на местата Ван и Ерчис, иако се стравува дека стотици лица останале затрупани во трошните куќарки од плитари во оддалечените села, кои исто така беа погодени од земјотресот со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала, најсилниот во Турција во последната деценија.

Агенциите јавуваат дека очајни преживеани граѓани, заробени под куповите бетон и метал, молат за помош, а некои од нив со мобилни телефони им се јавуваат на семејствата и пријателите дека се живи.

Во земјотресот повеќе илјади луѓе останаа без домови и се присилени веќе втора вечер да ја минат под отворено небо, и покрај ладното време.

Организацијата на Црвената полумесечина обезбеди 500 шатори само за градот Ерчис, каде градскиот стадион е претворен во огромна полска болница.

Во спасувањето учествуваат 2.400 екипи од 45 градови, а во регионот се испратени 200 амбулантски возила , соопштија властите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...