Делумното отворање на барикадите е позитивен, но недоволен чекор

Приштина, 27 октомври 2011 (МИА) - Делумното отворање на барикадите на патиштата во општините во северниот дел на Косово е позитивен чекор, но „апсолутно недоволен“, изјави денеска портпаролот на КФОР Уве Новицки.

- КФОР од почетокот беше јасен и истакна дека е неопходно воспоставување на безусловна слобода на движење за сите, изјави Новицки.

Од почетокот баравме безусловна слобода на движење за сите, како за КФОР, така и за останатите меѓународни мисии, што значи и за ЕУЛЕКС, како и за сите граѓани, нагласи Новицки.

Портпаролот на КФОР истакна дека отворањето на една коловозна лента е „чекор во вистински правец“, но дека не е доволен.

- Тоа е апсолутно недоволно. Наш став е да нема барикади и да постои целосна слобода на движење за сите, нагласи Новицки.

Тимот за врска и набљудување на КФОР, чии припадници денеска преминаа низ отворените барикади, во својот извештај наведува дека постои делумна проодност, изјави швајцарски офицер од Тимот во Јариње. Тој истакна дека извештајот се уште не е целосен и дека тоа ќе биде направено во текот на денот и потоа ќе биде проследен до командантите на КФОР.

Според него, постои мала веројатност денеска да биде извршен транспорт на КФОР кон преминот Јариње.

Во местото Зупче на територијата на општина Зубин Поток и Јариње на територијата на општина Лепосавиќ, денеска во 9 часот е отворена една лента на барикадите кои со недели целосно го блокираат сообраќајот на овие патишта, а на тој начин и снабдувањето на единиците на КФОР во северниот дел на Косово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...