Папандреу побара гласање на доверба на Владата

Атина,  1 ноември 2011 (МИА) - Грчкиот премиер Јоргос Папандреу до Парламентот поднесе предлог за гласање на доверба на Владата поради новиот пакет европска финансиска помош од Брисел, со кој се предвидуваат дополнителни строги економски мерки.

Дебатата за доверба на Владата ќе почне утре и ќе заврши в петок со гласање.

Папандреу предлогот за гласање доверба на неговиот кабинет го соопшти на вчерашната седница на парламентарната група на владејачката ПАСОК.

Грчкиот премиер најави дека ќе побара и организирање на референдум, на кој граѓаните треба да се изјаснат дали ќе ги прифатат условите од новиот пакет европска помош.

Грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелос наведе дека референдумот најверојатно ќе биде распишан идната година односно кога ќе се знаат повеќе детали за новиот пакет европска помош за Грција.

Тој ја отфрли можноста за предвремени парламентарни избори ако предлогот на Владата не биде прифатен на референдумот.

- Грција треба да се насочи кон други решенија, а избори ќе има порано или подоцна, наведе Венизелос.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...