Членови на ПАСОК побараа оставка од Папандреу

Атина, 1 ноември 2011 (МИА) - Шестмина истакнати и влијателни членови на владејачкото Сегрчко социјалистичко движење (ПАСОК) денеска го повикаа грчкиот премиер Јоргос Папандреу да поднесе оставка, по неговата синоќешна најава за распишување референдум за европскиот план за помош на Грција.

Шестмината членови на Националниот совет на ПАСОК што ја побараа оставката на Папандреу, беа блиски соработници на поранешниот грчки премиер Костас Симитис, кога тој ја извршуваше оваа функција.

- На земјата итно е потребна политички легитимна Влада и план за национално заздравување, се вели во писмото на шестмината „бунтовници“.

Во исто време, популарната пратеничка на ПАСОК, Василики Папандреу денеска предложи формирање на влада на национално единство и распишување на предвремени избори.

- Го повикувам претседателот на Републиката да ги собере политичките лидери поради формирање на влада на национално единство за да не пропадне планот усвоен на 26 октомври (на Самитот на ЕУ), и потоа да се распишат предвремени избори, рече Василики Папандрреу.

Барањето за оставка на Папандреу и предлогот на Василики Папандреу уследија по најавата на пратеничката на ПАСОК, Милена Апостолаки дека ја напушта партијата во знак на протест поради „изненадувачката одлука“ на премиерот за распишување референдум.

Со истапувањето на Апостолаки, ПАСОК спадна на 152 пратеници или само еден повеќе од потребните 151 за обезбедување апсолутно мнозинство во 300-члениот грчки Парламент. Состојбата за Владата спроти петочното гласање на доверба дополнително се усложнува и со најновото барање на шестмината членови на ПАСОК за оставка на Папандреу.

Папандреу синоќа најави дека ќе предложи распишување референдум за планот за помош на Грција, усвоен на минатонеделниот Самит на ЕУ. Тој не прецизираше кога ќе се одржи референдумот, но медиумите претпоставуваат дека тоа би се случило кон средината на јануари 2012 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...