Папандреу е веќе историја

Атина, 3 ноември 2011 (МИА) - Пратеникот од грчката владејачка партија ПАСОК Димитрис Линѕерис изјави дека нивниот лидер и премиер Јоргос Папандреу „е веќе историја“.

На прес-конференција во Парламентот, Линѕерис го повика премиерот да ги преразгледа процедурите, предвидени во Уставот и одредбите на својата партија, со цел да се нормализира политичката ситуација во земјата.

Станува збор за предложениот од страна на Папандреу референдум за вториот европски пакет финансиска помош за Грција. Линѕерис истакна дека иницијаторите на референдумот се одговорни и дека партијата ПАСОК не може да биде жртва на едно раководство, кое не може да се избори со ситуацијата, повикувајќи за постигнување согласност меѓу политичките сили и состав на влада на национално единство.

Моментално грчката Влада одржува вонредна седница, а потоа ќе заседава и парламентарната група на ПАСОК.

Еден ден пред утрешното гласање на доверба на Владата, партијата на грчките социјалисти остана без парламентарно мнозинство, со 150 места, откако нивните редови само денеска ги напуштија уште две пратенички.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...