Кој ќе биде на чело на новата грчка влада

Атина, 10 ноември 2011 (МИА) - Грчкиот премиер Јоргос Папандреу и опозицискиот лидер Андонис Самарас синоќа ја разгледуваа можноста поранешниот вицепретседател на Европската централна банка (ЕЦБ) Лукас Пападемос да ја предводи новата коалициска влада, која земјата треба да ја спаси од банкрот, пренесоа агенциите, повикувајќи се на владин претставник, кој побарал анонимност.

Папандреу на Самарас му кажал дека ги прифаќа условите кои ги поставил Пападемос за да стане премиер, и го повикал и опозицискиот лидер да се слушне со поранешниот висок раководител на ЕЦБ.

Пападемос побарал двете главни политички партии да потпишат дека го прифаќаат спасувачкиот план на еврозоната, како и да добие поеластичен рок за владата, која евентуално ќе ја предводи, односно таа да има повеќе време од стоте дена до 16 февруари, за кога се предвидени предвремените избори.

Пападемос уште сака во новата влада да учествува и опозициската Нова демократија, која засега одбива да влезе во неа.

Денеска се очекува нова средба меѓу Папандреу и Самарас.

Грците и кредиторите на земјата веќе три дена со се поголем ужас набљудуваат како грчките партиски лидери спорат за се помалиот список со кандидати кои ќе застанат на чело на владата на националното единство, забележуваат агенциите.

Поранешниот министер за финансии Стефанос Манос ги прекори Папандреу и Самарас дека со нивното држење и штетат на иднината на Грција во еврозоната, ризикуваат земјата евентуално да се врати кон својата национална валута.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...