Неуспешниот ангажман на Балканот

Крајот на студената војна ја отстрани и најважната пречка на патот на САД да стане империја и потоа ниту една земја не војуваше почесто од Америка. Сепак, единствен судир со одреден степен на неопходност беше Авганистан и потрагата по Ал Каеда. Ниту една од овие авантури не заврши посебно добро.

Еден од најголемите неуспеси на Вашингтон е Балканот кој нема никакво геополитичко значење за Европа и требаше да биде препуштен на европските членки на НАТО. Ако тие, како што зборуваше Ото фон Бизмарк, сметаа дека Балканот не е вреден за коските на ниту еден померански војник, тогаш Америка секако немаше причини таму да се меша.

Сепак, пред повеќе од десет години, Вашингтон ја бомбардираше Србија која ниту нападна ниту се закануваше на било која членка на НАТО. Западните нации, кои со векови водеа огорчени борби на самата помисла на сецесија, тргнаа во војна за да ја поддржат независноста на територијата на Косово.

Статусот на Косово, историски српско, но со мнозинско албанско население, останува нерешен. Белград одбива да ја прифати ампутацијата на 15 отсто од својата територија, Русија го блокира влезот на Косово во Обединетите Нации, а повеќето светски земји, вклучувајќи и пет членки на Европската унија, одбиваат да ја признаат независноста на Косово. Неодамна изби насилство во северниот дел на Косово, каде српското мнозинство останува лојално на Белград.

За жал, меѓународните сили, како што е Кфор под команда на НАТО, така и европската цивилна мисија Еулекс, ја продолжија политиката на Западот „Србите секогаш губат“.

Кога пред дваесет години се распаѓаше Југославија со која доминираа Срби, германската влада тој процес го забрза со преурането признавање на републиките Словенија и Хрватска. 

Но, признавањето без гаранции за големата српска заедница во Хрватска доведе до крвава војна кога Србите сакаа да се отцепат од Хрватска. Резултатот беше судир во кој Америка го поддржа хрватското мнозинство и ја обучуваше хрватската војска, која изврши воени злосторства и големо етничко чистење.

Западот мижи на едно око

Вашингтон исто така употреби воздушна сила да ја одржи Босна во нејзините граници, со која доминираат Муслимани, наспроти желбите на Србите и Хрватите да се отцепат од неа. Таа вештачка земја и понатаму останува европски протекторат, со која владее висок претставник чија основна работа е да го задуши секој став на народот кој е спротивен на волјата на неговите господари во Брисел.

Сојузничките симпатии кон тие кои сакаа да ги избегнат териториите со српско мнозинство продолжија кон Македонија, Црна Гора и Косово. Неоспорно е дека власта на Милошевиќ беше сурова, но направени се повеќе од доволно злосторства за тие да бидат туку така занемарени. Западот константно замижуваше на едно око кога Србите беа убивани и раселувани.

Тоа никаде не беше толку очигледно како на Косово. Иако американските дипломати Ослободителната војска на Косово, која подоцна беше осомничена за продажба на органи на српски затвореници, ја нарече „терористи“, сојузниците потиснаа секаква одвратност и на бунтовниците им ја позајмија својата авијација бомбардирајќи и убивајќи стотици и илјадници српски цивили, веројатно исто толку колку што настрадаа Албанци во текот на двегодишното герилско војување пред интервенцијата на НАТО.

Албанското мнозинство тогаш ја примени поранешната српска бруталност протерувајќи 250.000 Срби, Роми и неалбански муслимани. Во почетокот на годината, Парламентарното собрание на Советот на Европа призна дека сојузничката интервенција „доведе до бројни кршења на човекови права и не пружи трајни решенија за суштинските проблеми“.

Косово и паралелните структури

Потоа следеа години на застој, крунисани со неуспешни преговори во кои сојузниците одлучија дека Косово мора да биде независно, а единствено за кое може да се разговара се деталите на српската капитулација. Одбивањето на Белград да попушти беше критикувано како опструкција и Косово во 2008 година прогласи независност. Косово доби лоши оценки на меѓународната сцена, а Советот на Европа го нападна косовскиот премиер дека предводи организација „слична на мафија“.

Не е изненадување тоа што Србите кои живеат во Косовска Митровица, северно од Ибар, не сакаат да бидат дел од држава со мнозинско албанско население. Тие ги задржаа паралелните структури поврзани со Србија и продолжија да се спротивставуваат на власта во Приштина.

Вашингтон и Брисел остануваат тврдоглави. Западот определи граници на Косово. Од Србите се очекува да го прават тоа што ќе им се каже и да се препуштат на милост на тие кои се обвинети за трговија со човечки органи и осакатување на српски затвореници поради профит. Што ако некои луѓе кои се на власт во Приштина се истите тие кои како герилци убиваа Срби? Или истите тие кои во 2004 година поттикнаа втор бран на насилство над протераното малцинско население.

Германската канцеларка Ангела Меркел неодамна одржа предавање во Белград за неопходноста да се признае Косово, ако сака да влезе во Европската унија. Иако пет членки на ЕУ одбиваат да го признаат Косово, канцеларката Меркел инсистира Србија да го потпише сопственото распарчување за да добие место во Брисел.

Речиси исто толку категорична беше и Европската комисија која објави нов извештај заклучувајќи дека „Србија ќе биде во позиција во среднорочен период да ги преземе обврските за членство“.

Меѓутоа, тука постои едно важно „но“. Белград треба да соработува „активно со ЕУЛЕКС, за да може ЕУЛЕКС да ги врши своите задачи во сите делови на Косово“. Комисијата додаде: „Сите сили треба да ја одиграат својата улога во намалување на тензиите на северно Косово и да овозможат слобода на движење на луѓе и стока“. Тоа значи предавање на српскиот север на Косово во раце на влада која тие никогаш не ја прифатија.

Статусот на Косово неодамна доби на итност. Белград во 2008 година стави ембарго на увоз на стока од Косово. Ова лето, косовската влада одлучи да се одмазди забранувајќи увоз на српски производи, дури и на северот. Тоа подразбираше ширење на власта на Приштина на границата на Србија и Косово, за да се оневозможи српско-српската трговија. Тамошните Срби одговорија со поставување на барикади, а ветија дека ќе ги отстранат ако КФОР и ЕУЛЕКС престанат да превезуваат косовски царински службеници на северот.

Тоа беше разумно барање. Поранешниот американски дипломат Џерард Галучи напоменува дека мандатот на КФОР е мировна мисија, а не политика. КФОР „треба да спречи безбедносни проблеми и да спречи или да ги намали провокациите како што се политичките трикови на Приштина“. Но, сега мисијата на НАТО која погрешно е наречена мировна, „истапи од мандатот на Советот за безбедност на ОН, со одлуката да ги спроведе барањата на институциите во Приштина“, објаснува Галучи.

Кфор тврди дека тој едноставно сака да спроведе „безусловна слобода на движење“, но тоа што навистина го мисли е наметнување на власт на Албанците над Србите. Всушност, некои западни лидери се надеваат дека проблемот ќе го решат на некој друг начин. Еден поранешен командант на КФОР, француски генерал-полковник Гзавије де Марњак, истакна дека во просек Албанците се помлади од Србите, така ќе има „еден вид биолошки крај на тукашните проблеми, бидејќи знаете, еден од народите едноставно ќе исчезне“. Меѓутоа, тоа значи чекање. За да се забрза процесот, КФОР фрли солзавец и бибер-спреј на српските демонстранти претварајќи се во де факто безбедносни сили на Приштина.

Пат позиција на северно Косово

Но, Србите одбија да се повлечат и барикадите останаа. Резултатот е пат позиција. - Нема да отстапиме од нашите легитимни напори да ја контролираме целата наша територија, изјави Бајрам Реџепи, министер за внатрешни работи на Косово. - Сакаме да бидеме дел од Србија – ништо повеќе ништо помалку, вели Драгиша Миловиќ, претседател на општина Звечан.

Одговор се преговори, сериозни разговори без однапред определен исход. Очигледен договор би бил Косово да ја препушти на Србија областа со мнозинско српско население, во замена за признавање на Косово од страна на Белград. Користа од завршувањето на студената војна меѓу Србија и Косово е очигледна.

Дури и ако Западот остане приврзан за независноста на Косово, нема причина да ги поддржи најекстремните територијални амбиции на Приштина. Ако самоопределувањето е добро за Албанците, исто така е добро и за Србите.  

Секако, креаторите на денешниот геополитички хаос се згрозуваат над секој предлог нивниот изум да се поправи. Таквите постапки, како што тврдат Мортон Абрамовиц од фондацијата „Сенчури“ и Џејмс Хупер од Групацијата за јавно меѓународно право и политика, „ја предизвикуваат судбината и иницираат ново насилство отварајќи врата за отцепување на етничките заедници во Србија“. Истиот принцип, се бунат тие, би се однесувал и на Босна каде Србите и Хрватите сакаат да ја напуштат вештачката држава наметната од надвор.
Меѓутоа, малку е доцна да има загриженост за „поделби на етничка основа“. На крајот на краиштата, таква беше американската и европската политика во 90-тите години: Хрватите, Словенците, босанските Муслимани, Македонците, Црногорците и косовските Албанци добија свои држави; внимание не беше подарено ни на поголемата сојузна држава без разни малцинства, ниту на малцинствата внатре во државата. Никој не размислуваше многу за преседанот, во Европа или било каде на друго место. Дури може да се каже дека долгогодишното инсистирање на Вашингтон и Брисел да замолкнат неуките локалци и да прават што ќе им се каже, се изјаловија.

Се додека сојузниците настојуваат да наметнуваат нереални решенија, да зачувуваат вештачки држави и да одржуваат поделени општества, регионот ќе биде нестабилен.

Како што истакна мојот колега Тед Гален Карпентер од Институтот „Кејто“, проблемот е во тоа што на владите и државите кои ги промовира Запад, им недостасува легитимитет во големи делови на нивното население. Помирувањето ќе биде далеку, се додека странците инсистираат на општествен ангажман не уважувајќи ги локалните разлики. Политиката на изнуден заеднички живот ќе роди омраза и на крај ќе доведе до насилство.

Во секој случај, Америка нема причина да биде вовлечена во тој судир. Вашингтон не мора да бира меѓу спротивставените етнички заедници на Балканот. Сите тие демонстрираа ксенофобичен национализам. Сите ги потценуваа малцинствата во својата средина, истовремено инсистирајќи на тоа да се почитуваат нивните права. Ако српските сили направиле повеќе злосторства, тоа е главно поради тоа што имале повеќе прилики тоа да го направат.

САД треба да овозможат на Брисел, Берлин, Париз и на другите да го преземат проблемот. Како што забележа Карпентер, пошироката порака до Европјаните треба да гласи: „Немојте ни да помислите да го викате Вашингтон да ве спасува од вашите будалаштини, посебно откако ја отфрливте последната најдобра шанса за мирно, непристрасно решение за косовскиот проблем“.

Интервенциите на Балканот од секогаш беа грешка. Со оглед на тоа дека САД се преокупирани на други места, време е да се објави дека овој регион е европска одговорност.

РТС - Белград



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...