Лукас Пападимос нов грчки премиер

Атина, 10 ноември 2011 (МИА) - Лидерите на грчките политички партии постигнаа договор Лукас Пападимос, поранешниот потпретседател на Европската централна банка, да раководи со новата привремена влада, соопшти претседателството.

- Претседателот, по препорака од политичките лидери кои присуствуваа на средбата, го информира Лукас Пападимос дека треба да формира нова Влада, се наведува во соопштението објавено по разговорите меѓу политичките лидери и Пападимос.

Соопштението од Кабинетот на Папуљас уследи по неговата средба со лидерите на трите најголеми партии во грчкиот Парламент, Јоргос Папандреу од Сегрчкото социјалистичко движење (ПАСОК), Андонис Самарас од Нова демократија и Јоргос Караџаферис од Народниот православен собир (ЛАОС).

Новиот кабинет ќе го примени спасувачкиот план во висина од 130 милијарди евра, договорен со Европската унија. Новата влада ќе положи заклетва утре во 14 часот по локално време.

Лукас Пападимос е роден на 11 октомври 1947 година во Атина. Во 1970 години дипломирал физика на Институтот за технологија на Масечусетс, во 1972 година станал магистер по електротехника, а во 1978 доктор по економија.

Од 1975 до 1984 година предавал економија на американскиот Универзитет „Колумбија“, а од 1988 до 1993 и на Атинскиот универзитет. Во 1980 станува економски советник на Банката за федерални резерви од Бостон, а во 1985 година е именуван за главен економист на централната Банка на Грција. Во 1993 година е избран за заменик гувернер на Банката на Грција, а во 1994 година и за нејзин гувернер. На оваа должност останува до 2002 година, кога е избран за потпретседател на Европската централна банка (ЕЦБ). ЕЦБ ја напушта во 2010 година кога станува советник на досегашниот грчки премиер Јоргос Папандреу. Во моментов е ангажиран како визитинг професор на Факултетот за администрација „Кенеди“ при Универзитетот „Харвард“.

Пападимос е член на Атинската академија, а од 1998 година е припадник и на Трилатералната комисија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...