Бројот на жртвите во последниот земјотрес во Турција достигна 17 лица

Анкара, 11 ноември 2011 (МИА) - Спасувачките екипи во турскиот град Ван утрово извадија уште пет тела од под урнатините, со што бројот на загинатите во последниот земјотрес достигна 17  лица, само три недели по катастрофалниот потрес што во оваа земја однесе околу 600 животи. 

Багери започнаа да ги расчистуваат урнатините од двата хотела во центарот на Ван, што значи дека веќе нема шанси да бидат пронајдени преживеани.

Сеизмологот Доган Калафат изјави дека во следните три недели очекува силни вторични земјотреси. Тој ги предупреди луѓето да не се враќаат во домовите.

Ваквото предупредување доаѓа по зголеменото јавно незадоволство од валијата на Ван Мунир Каралоглу, кој по земјотресот на 23 октомври со интензитет од 7,2 степени ги повика луѓето да се врата во своите домови, доколку тие не се оштетени од потресот.

Околу 800 спасувачи се испратени во загрозеното подрачје, по потресот од 5,6 степени според Рихтер, кој во средата вечерта за погоди областа на градот Ван.

Спасувачките екипи досега од под урнатините извлекоа 28 преживеани, но со оглед на фактот дека не се знае уште колку луѓе се под урнатините, бројот на жртви може да биде многу поголем. 

Илјадниците лица кои останаа без домови и натаму престојуваат во шатори, на многу ниски температури, кои во меѓувреме настапија во овој регион.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...