Веќе немаме доверба во режимот во Сирија

Анкара, 15 ноември 2011 (МИА) - Премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја веќе нема доверба во режимот на претседателот Башар ал Асад со кој до неодамна Турција имаше пријателски односи и многу развиена соработка.

Претседателот на турската влада го предупреди Ал Асад дека заради бруталната пресметка со опозициските групи ќе се најде на листата на лидери кои се „хранат со крв“.

Ердоган го повика сирискиот претседател да ги казни оние кои се одговорни за неодамнешните напади врз турските дипломатски претставништва во неговата земја.

-Остро го осудувам нападот врз турското знаме и нашите дипломатски мисии, истакна тој.

Приврзаниците на сирискиот претседател минатата недела се обидоа да упаднат во турската амбасада во Дамаск и два други конзулати. Тие извикуваа антитурски пароли затоа што Анкара ја поддржа одлуката на Арапската лига оваа земја да се исфрли од организацијата. По инцидентот Турција ги повлече членовите на семејствата на своите дипломати од Сирија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Хасо отворил аптека. Еден ден морал да оди на службен пат, па го замолил Мујо да го замени. Кога се вратил Хасо од пат го прашува Мујо.
- Се снајде ли!
- Ееее, како не бе!
- И...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
На регионалниот пат Зрновци – Пониква поточно на м.в.„Белска крстосница“, од 28.10.2024 г. отпочнат е јавен протест, кој ќе трае во наредните неколку дена. Сообраќајот се одвива...
Верски календар
На денешен ден
1598.- Роден е шпанскиот сликар Франциско де...
1781.- Во Севиља, во Шпанија, последен пат беше...
1829.- Во Прилеп е роден Марко Цепенков, еден од...
1867.- Во Варшава е родена Марија Склодовска -...