Загриженост поради влошувањето на безбедноста на Косово

Њујорк, 29 ноември 2011 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун изрази загриженост поради влошувањето на безбедносната ситуација на Косово, нагласувајќи дека бројот на насилните инциденти против српското население е зголемен по обидот на косовските власти да воспостават контрола врз граничните премини во северно Косово.

- Врз целокупната безбедносна ситуација негативно се одрази обидот на косовските власти да ја потврдат контролата врз премините 1 и 31 (Јариње и Брњак), се наведува во извештајот за Косово за периодот од 16 јули до 15 октомври.

Тој нагласи дека косовските власти на 25 јули се обиделе да распоредат припадници на Специјалната единица на косовската полиција - РОСУ на овие два премини, како и дека тој чекор е направен без координација со меѓународните организации.

Во извештајот се истакнува дека бројот на инцидентите против припадници на малцинствата на Косово е зголемен за 24 проценти. Во овој период се забележани вкупно 151 ваков случај - 38 се случиле во северно Косово, 13 се случаи на вандализам врз српските православни цркви и гробишта, 13 се случаи на каменување на возила со српски регистарски таблички, кои минувале низ области населени од косовски Албанци. Забележани се и 63 случаи на нанесување штета на куќи во сопственост на косовските Срби и 47 случаи на кражба на српски имот.

- Развојот на настаните во северно Косово во периодот за кој се известува силно укажува на тоа дека основните, нерешените прашања претставуваат опасност за мирот и стабилноста во регионот. Загрижен сум не само заради влошувањето на безбедносната ситуација на теренот поради неодамнешните случувања, туку и поради влошувањето на меѓуетничките односи ширум Косово, поларизацијата на политичките ставови и ширењето на јазот меѓу заедниците северно и јужно од реката Ибар, наведе генералниот секретар на ОН.

Бан предупреди дека се додека прашањата, „какво што е ситуацијата на премините 1 и 32 не се решат, а прашањето на владеењето на правото се меша со ставовите во однос на статусот, меѓународната заедница и луѓето на теренот и натаму ќе бидат соочени со опасноста од ескалација на тензиите и избувнување на насилство, поради што сите страни се заложници на неизвесна иднина“.

Тој истакна дека во текот на периодот кога се зголемиле тензиите во северно Косово УНМИК продолжил блиско да соработува со сите страни со цел да се избегне нова криза и да се пронајде начин за осигурување на безбедноста и мирот ширум Косово.

За разлика од претходниот период, наведе Бан во извештајот, постигнат е само ограничен напредок во дијалогот под покровителство на Европската унија меѓу Белград и Приштина, воглавно поради случувањата во северно Косово.

Тој истакна дека за жалење е тоа што изгледа дека дијалогот е во застој од последната средба на почетокот на септември, додека позитивна работа е тоа што е постигнат договор за царинскиот печат и оти тековите на размена меѓу Косово и Србија продолжуваат.

Бан ги повика Приштина и Белград да покажат воздржаност и трпение и да продолжат да се залагаат за решавање на ситуацијата по пат на дијалог и помирување, а не со спроведување на еднострани акции, насилство и користење на сила.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...