Тадиќ: Не сум оптимист за статусот

...но правам се за да го добиеме

Белград, 22 февруари 2012 (МИА) - Српскиот претседател Борис Тадиќ денеска изјави дека во овој момент не може да искаже оптимизам во поглед на добивањето кандидатски статус на Србија за членство во ЕУ, но до последен момент ќе се бори тоа да се оствари и да се исполнат двата стратешки цели - и Косово и ЕУ.

Тој истакна дека двете страни во дијалогот Белград и Приштина, кога станува збор за прашањето за регионално претставување на Косово, „денеска се малку подалеку од решение отколку синоќа“.

Тадиќ нагласи дека до чекор назад во разговорите дошло поради начинот на кој Приштина предлага решение за прашањето за своето регионално претставување, а кое според него е далеку од реалноста.

Тој додаде дека е незамисливо прашањето за проширување на ЕУ денес можеби да зависи и од Косово, кое не само што не е членка на Унијата, туку не е ниту држава во класична меѓународна политичка смисла.

- Многу е тешко да се добие кандидатски статус, тоа е повеќе од очевидно бидејќи во секој час имаме ново искушение, но се бориме, оцени српскиот претседател.

Според Тадиќ, проблемите со кои денес се соочува државата на патот на евроинтеграциите се последица на несовршеноста на политичкиот систем во Европа, комплексноста на меѓународните односи и се низ што помина регионот во 90-тите години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...