Србија денеска ќе го признае Косово

Приштина, 23 февруари 2012 (МИА) - Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека Србија со новиот договор во Брисел, ќе ја признае независноста на Косово, јавија белградски медиуми.

- Со новиот договор, што ќе биде постигнат денеска во Брисел, Србија ќе ја признае независноста на Косово, изјави Тачи за Експрес. Приштинското издание публикуваше на својот веб-сајт само извадоци од интервјуто. 

По посетата во Приштина на американскиот заменик државен секретар Вилијам Барнс, Тачи изјави дека е постигнат договор Косово да биде претставено на регионални форуми со споменување на Декларацијата за независност од 17 февруари 2008 година, одлуката на Меѓународниот суд по прогласувањето независност и Резолуцијата 1244 на СБ на ОН од 1999 година. 

Сите опозициски партии во Косово беа против споменување на Резолуцијата 1244 при претставување на Косово на меѓународни форуми. Прашањето за регионалното претставување на Косово е меѓу главните теми на новиот круг преговори меѓу Белград и Приштина  што се одржуваат од вчера во Брисел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...