Влада од технократи е спас

Атина, 14 мај 2012 (МИА) - Грчкиот претседател Каролос Папуљас предлага влада од технократи, која ќе биде поддржана од Парламентот, изјави вечерва по разговорите со шефот на државата лидерот на ПАСОК, Евангелос Венизелос.

Папуљас ова го предложил вечерва на средбата со лидерите на трите партии, Нова демократија, ПАСОК и Демократска левица, Андонис Самарас, Венизелос и Фотис Кувелис.

Преговорите за составување на коалициска влада ќе продолжат утре во 14 часот по локално време со учество на сите парламентарни партии, со исклучок на неонацистичката Златна Зора, рече Венизелос по средбата која траеше околу еден час.

Тој сепак не е оптимист дека ќе биде составена влада од технократи. - Работите се многу тешки. Не сум оптимист, рече лидерот на ПАСОК.

Самарас и Венизелос се подготвени да ја разгледаат можноста за составување на кабинет од технократи.

На утрешните преговори ќе учествуваат и лидерите на двете леви партии, кои се против спасувачкиот план за Грција, СИРИЗА и Демократска левица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...