Преговорите неуспешни, ќе се одржат нови избори

Атина, 15 мај 2012 (МИА) - Грчките политичари и денеска не успејаа да се договорат за формирање влада на консултациите со претседателот Каролос Папуљас, кој по средбата потврди дека ќе се одржат нови парламентарни избори. 

Лидерот на партијата „Независни Грци“ Панос Каменос, кој се изјасни против кредитниот договор, истакна дека не е постигнат договор за нов кабинет.

Папуљас денеска разговараше со лидерите на пет партии, уште еднаш настојувајќи да заврши деветдневниот застој во формирањето влада, која ќе ги поддржи строгите мерки за штедење потребни за добивање меѓународна помош, со цел земјата во тешката должничка криза да се одржи во еврзоната.

На парламентарните избори на 6 мај ниту една партија не освои апсолутно мнозинство, а сите обиди кои беа преземени за формирање влада беа неуспешни.

Во разговорите со шефот на државата учествуваа Нова демократија, која на изборите освои 108 места во Парламентот, потоа СИРИЗА со 52 пратенички мандати, ПАСОК со 41 пратеник, „Независните Грци“ кои добија 33 мандати и Демократската левица со 19 места.

Во преговорите одби да учествува Комунистичката партија, која на изборите доби 26 пратенички места, додека екстремно десничарската „Златна зора“, со освоени 21 мандат, не беше поканета.

Претседателот Папуљас предложи да се формира експертска влада, но лидерите на партиите уште претходно изразија сомневање во можноста да се постигне договор по ова прашање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...