Грчките партии на средбата кај Папуљас договориле

Вето за Македонија во Чикаго

Скопје 17 мај 2012 (МИА) - Водачите на грчките политички партии и претседателот Каролос Папуљас, на една од средбите посветена на формирањето нова грчка влада, се согласиле дека Грција мора да стави вето на приемот на Република Македонија во НАТО на Самитот во Чикаго.

Транскриптите ги објави кабинетот на претседателот Папуљас, и во нив водачите на грчките партии оценуваат дека приемот на Македонија не е на агендата на Самитот, но доколку се направи обид ова прашање да биде поставено, тогаш грчките претставници треба да стават вето. Прашањето за Македонија, на средбата што се одржала вчера, прв го отворил лидерот на националистичката партија Независни Грци Панајотис Каменос, загрижен дека грчките партии нема да формираат влада и дека на Самитот во Чикаго Грција ќе биде претставена од времена влада со ограничени овластувања.

- Господине претседател, ние би сакале да биде јасна насоката на справување со прашањето што може да произлезе за влез на Скопје со името „Македонија“ на Самитот на НАТО во Чикаго. Би сакале да го искажеме мислењето, од овој процес, да биде ставено дури и вето на можноста за влез на Поранешната Југословенска Република Македонија со името „Македонија“ во НАТО, побарал Каменос на средбата, по што лидерот на социјалистичката ПАСОК Евангелос Венизелос се согласил дека партиските лидери треба да се согласат грчките претставници во Чикаго да стават вето на македонскиот прием, а потоа ги убедува другите присутни дека ова прашање не е поставено на агендата на самитот.

Венизелос вели дека доколку ова прашање се постави, треба да биде решено во рамките на грчката национална стратегија и аргументацијата што Грција ја подготвила како одговор на пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

- Нашите аргументи треба да бидат попаметни од аргументите што беа приложени во 2008 година. Треба да ги зацврстиме нашите аргументи на еден начин што е, така да кажам, повешт и поинтелегентен, рекол Венизелос.

По Венизелос и претседателот Папуљас изјавил дека прашањето на приемот на Македонија не е на агендата во Чикаго, по што Каменос побарал вето и на евентуалното отворање на ова прашање во агендата. - Употребата на последното можно оружје, тоа нели е ветото?, прашал Каменос, по што Венизелос одговорил потврдно.

Алексис Ципрас, лидерот на левичарската коалиција Сириза, потоа лидерката на комунистите Александра Папарига и лидерот на Демократската левица Фотис Кувелис оцениле дека приемот на Македонија не е на агендата во Чикаго. Папарига вели дека доколку ова прашање се постави, грчкиот претставник во Чикаго треба да стави вето на дискусијата, бидејќи не постои официјална грчка влада. Кувелис рекол дека дискусијата за Македонија во Чикаго „во секој случај треба да се спречи и може да се спречи”.

Според Ципрас, чија коалиција Сириза беше второпласирана на изборите, услов за решавање спорот е взаемно прифатливо име со географска одредница.

Заклучок на оваа дискусија за Македонија ставил Антонис Самарас, лидерот на Нова Демократија. На прашањето дали е можно изненадување во Чикаго и поставување на прашањето за Македонија, Самарас изјавил: - Во случај на изненадување, секако треба да постои вето во тој момент. За тоа не ни разговараме.

Иако на почетокот на серијата средби претседателот Папуљас ги предупредил лидерите дека нивните дискусии ќе бидат снимени и објавени за јавноста, лидерите сепак слободно го употребуваат зборот „вето”.

Преговорите за состав на нова грчка политичка или техничка Влада завршија со неуспех, по што беше формирана времена Влада предводена од Панајотис Пикраменос. Петрос Моливијатис, кој беше министер за надворешни работи во мандатот на Костас Караманлис, е повторно именуван на оваа функција во времената Влада чија главна задача е да го организира спроведувањето на новите предвремени избори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...