Изборите во Грција отвораат суштинска дилема

Грците ќе треба да се изборат со суштинската дилема кога втор пат во два месеци ќе излезат на избори на 17 јуни, за да изберат нова влада.

Исходот може да одреди дали Грција ќе застане зад тешкото кратење на буџетот кое се бара под условите за меѓународно отплаќање на долгот - или да ги одбие таанаречените фискални мерки за штедење, кои им ги наметна остатокот од Европа. Ако Грците го одберат второво, ризикуваат да бидат истерани од еврото, што најверојатно ќе и донесе уште повеќе болка на економијата, која веќе петта година по ред е во рецесија.

Неизвесноста во Грција веќе со месеци виси над глобалните финансиски пазари, и аналитичарите велат дека изборите кои ќе се одржат следната недела можеби нема да доведат до брзо решавање. Но изборите ќе помогнат да се реши дали финансиската криза која повеќе од две години ја зафати Европа, полека станува контролирана - или ќе стане уште полошо.

Еве неколку прашања и одговори околу грчките избори и зошто е ова важно за остатокот од светот.

Зошто Грција се враќа во вестите?

Во суштина, изборите кои ќе се одржат на 17 јуни се сметаат како референдум за еврото.

Грција во март си обезбеди втор пакет за спас во висина од повеќе милијарди евра, кој се состои од заеми и реконструкција на долгот. Отплаата доаѓа со уште построги мерки за штедење, како што се кратења на платите во јавниот сектор и пензиите, мерки кои државата мора да ги спроведе.

Кратењата на јавната потрошувачка ја остави економијата закопана во длабока рецесија. Гневни заради наизглед бесконечното страдање, на изборите минатиот месец грците им го свртеа грбот на двете традиционални партии - конзервативната Нова демократија и социјалистичката Пасок. Наместо тоа,  тие гласаа за порадикални партии кои повикуваат на извлекување на земјата надвор од обврската за отплата на долгот и од договорите за штедење.

Но ако земјата ги одбие договорите за отплата, меѓународните партнери на Грција можат да сопрат со достава на заемите за помош, од кои земјата е зависна. Тоа може да доведе до банкрот и нејзино исфрлање од еврозоната - потег кој пошироко ќе го ослабне еврото и ќе испрати бранови на шок низ глобалните финансиски пазари.

Што ќе се случи со земјата ако излезе од еврото?

Нити една земја досега не излегла и не постои таква процедура во непрегледните книги на правила на Европската Унија за истерување на било која земја надвор. Но ако Грција го напушти еврото, нема да има друг избор освен да почне да ја печати својата валута - драхмата - за да си го отплати излезот.

Таквиот потег може многу брзо и силно да удри врз грците, велат од грчката тинк-тенк организација Економик енд индастријал рисрч. Новата драхма
ќе загуби половина и повеќе од својата вредност во однос на еврото. Ова ќе доведе до инфлација и ќе ја уништи куповната моќ на просечниот грк. Истовремено, економскиот извоз на земјата ќе опадне и уште повеќе луѓе ќе останат без работа, и секој еден од петмина е невработен. Цените на увезените добра ќе скокнат до небо, и за мнозина тие ќе останат недостапни. Сепак, постојат и аналитичари кои велат дека слабата драхма ќе го направи грчкиот извоз поефтин и повторно конкурентен, а тоа може да и помогне на економијата да да почне да расте. Компаниите кои се надвор од Грција, можат да бидат привлечени од ефтината работна сила и ефтините недвижности, куражејќи ги да ги преместат таму своите производни фабрики. И турнзмот може да се засили: на пример, резервирањето на хотелска соба на некој грчки остов може одеднаш за странците да стане многу поефтино.

Грција е толку мала економија. Зошто е важно нејзиното членување во еврото?

Точно. Грчката економија учествува со околу 2 проценти во севкупниот БНП во еврозоната. Но ако Грција излезе од еврозоната, инвеститорите ќе станат нервозни околу тоа дали другите финансиски нестабилни држави, како што е Италија, можат исто да си излезат од заедницата. Тој страв најверојатно ќе ги поскапи трошоците за заеми за овие и за други земји, потенцијално до нивоа од кои тие ќе бидат прморани да бараат меѓународна финансиска помош. Европа може да влезе во маѓепсан круг.

Европските банки кои држат поголем дел од владините обвврзници на континентот, ќе станат значајно послаби и се повеќе зависни да позајмуваат едни од други. Ова може да распали кредитен хаос, сличен на оној кој следеше по колапсот на американската инвестициска банка Леман брадерс.

Овој проблем дури и повеќе можат да го влошат штедачите и инвеститорите, кои ќе почнат да си ги вадат парите од банките во нестабилните економии, и ќе ги префрлаат во посигурни земји, како што е Германија, па дури и целосно надвор од еврозоната. Ова понатаму може да го дестабилизира банкарскиот систем.

Што може да се случи на 17 јуни?

Набљудвачите на пазарите и некои други европски политичари се загрижени дека Сириза, која беше втора на изборте во мај играјќи на картата за антиотплата на долгот, може овој пат да постигне и подобар резултат Алексис Ципрас, харизматичниот лидер на партијата, вети дека ќе ги откаже меѓународните аранжмани за отплата на долгот на Грција - ако тој победи.

И ПАСОК и Нова демократија повикаа за повторно преговарање за некои делови од договорите, во обид да се стимулира замрената грчка економија. Сепак тие не заговараат повлекување рачна за договорот и инсистираат на тоа дека врвен приоритет е да се задржи Грција во еврото - нешто што и 80 проценти од грците го сакаат.

За да оформи влада, победничката партија - или коалиција - треба да има минимум 151 место во парламентот од 300 места. Која и партија да победи, ќе добие 50 места плус во парламентот, како што стои во грчкиот изборен закон. Сепак, има голема веројатност дека ниту една партија нема да освои доволно места за инстант мнозинство - што значи дека ќе има уште еден круг на преговори за да се оформи владеачка коалиција.

Но покрај Грција, еврозоната ќе се врати на својата патека, нели?

Тешко. Шпанија е последната - и најголемата - земја во еврозоната која побара помош. Европските лидери ја притискаат Шпанија да ги поправи банкарските финансии пред изборите во Грција. Цената на позајмиците посоледниве недели скокна заради загриженоста дека земјата нема да има пари да го попорави својот проблематичен банкарски сектор, кој беше осакатен заради пропаѓањето на шпанскиот пазар на недвижности.

Во саботата, шпанската влада призна дека за своите банки ќе побара помош од надвор, откако еврогрупата - односно министрите за финансии од 17 евро земји се согласија да и доделат 100 милијари евра во заеми за отплаќање. Шпанија ќе реши колку и треба, кога ќе бидат спроведени независни анализи во врска со состојбата на банките во земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...