Се бара волшебна формула за излез од кризата

Околу десет милиони Грци во недела ќе гласаат на предвремени парламентарни избори – втор пат по неколку недели.

Гласењето се одвива во атмосфера неподнослива за повеќето Грци. Платите и пензиите се неизвесни, сметките за комуналии не се плаќаат, даноците уште помалку, невработеноста е на рекордно високо ниво.

Грција го живее периодот кој кога-тогаш мораше да го плати. Неконтролираното задолжување кај странски кредитори, позајмици од други држави, неплаќањето на меѓународните обврски, сега го плаќаат граѓаните кои до пред некоја година уживајќи во неодговорноста на државата не ни помислуваа дека еден ден ќе треба да штедат, да плаќаат даноци, да се откажат од 13-та плата, од бонуси за зимски и летни одмори, или да плаќаат даноци на недвижниот имот што речиси неконтролирано и евтино го купуваа со години.

Државната компанија за гас, која снабдува повеќе дистрибутери на електрична енергија нема пари да ги плати доставувачите на гас затоа што неа не и се платени парите што и се должат. Компаниите што дистрибуираат струја не го плаќаат гасот што го користат затоа што не можат да си ги наплатат сопствените побарувања. На земјата и се заканува прекин во дистрибуирањето електрична енергија. Пациентите со тешки болести кои се под државно здравствено осигурување не можат да купат лекови на рецепт затоа што државната организација за здравство не им плаќа на аптеките за скапите лекови за осигурениците. Аптеките веќе немаат средства за да ја кредитираат државата.

Администрацијата е прекубројна и неефикасна. По државните и општинските канцеларии седат вработени кои имаат најмногу по една обврска дневно, а луѓето кои чекаат на шалтерите ги препраќаат од едно на друго место, со еден збор ги вртат во круг за на крајот со видно незадоволство да се ангажираат за да се обидат да помогнат. Истите тие административци се најмногу незадоволни од сегашната ситуација во земјата и се плашат за своите работни места, а на самото споменување на зборот „ефикасност“ тврдат дека им треба повеќе време за да ги совладаат новините во државната администрација.

Безбедноста на граѓаните е на загрижувачко ниво. Секој ден медиумите се полни со вести за ограбувања, напади на бизнисмени, напади на имигранти, заканувања со огнено оружје за ситни пари. Не ретки се и самоубиствата поради долгови и неможност на граѓаните да си ги платат своите обврски.

Но, не е само една партија, само една политичка елита одговорна за сегашната состојба на земјата. Членовите и функционерите на сите партии кои сега ветуваат дека се најдобро решение за излез на земјата од кризата во која се наоѓа, до вчера уживаа во истото финансиско и административно безредие.

Прашањето сега е кој ја има волшебната формула за да ја извади Грција од кризата во која се наоѓа а притоа да не и наштети на нејзината меѓународна позиција која колку-толку се уште ја има.



Претходната влада на Грција потпиша пакет мерки за штедење наметнати од ЕУ, познати како меморандум, со цел државата да може да си ги врати странските долгови. Лидерот на ПАСОК Евангелос Венизелос тогаш беше министер за финансии и тоа е една од причините зошто ПАСОК сега е на трето место по популарност. Венизелос, кому му е јасно дека нема да добие мандат за формирање влада, сега повикува на национално единство, секојдневно вели дека поделеноста на народот не е добра и оти државата не може да ја води влада составена само од Нова демократија и Сириза, туку треба да се формира „влада на поделена одговорност“. Венизелос на овој начин праќа порака до партиите кои ќе добијат мандат да формираат влада дека е отворен за компромис и оти може да се смета на ПАСОК за обезбедување парламентарно мнозинство.

Според анкетите мртва трка се води меѓу конзервативната Нова демократија и Колицијата на радикалната левица – Сириза. Некои медиуми и аналитичари тврдат дека изборот меѓу овие две партии е всушност избор меѓу останување и излегување од еврозоната. Нова демократија тврди дека Грција треба да остане во еврозоната и оти може да ги смени условите од меморандумот. Избирачите кои се свесни дека Грција не може да продолжи сама и оти враќањето на драхмата не е решение, му веруваат на лидерот на НД Адонис Самарас кога тој вели дека неговата партија е единствено решение за излез од сегашната ситуација.

Најголема ѕвезда на овие избори е лидерот на Сириза, Алексис Ципрас. Тој е постојано на телевизија, сите светски медиуми пишуваат анализи него, тој пишува колумни за еминентни списанија. Светот го следи Ципрас, затоа што го смета за закана во однос на останувањето на Грција во еврозоната. Но иако Ципрас порано тврдеше дека ако народот продолжи да страда, тогаш на Грците еврото не им е потребно, во последните неколку денови ги омекна своите ставови. Во колумната за „Фајненшл тајмс“ нагласи дека не треба да има сомневање оти Сириза сака Грција да остане во еврозоната. После договорот на ЕУ со Шпанија, Ципрас рече дека условите можат да бидат подобри и за Грција. Тој се надева дека германската канцеларка Меркел ќе ги омекне своите ставови и малку ќе попушти. Грчките избирачи сакаат да му веруваат на Ципрас но скептични се поради неговите 38 години и сметаат дека е млад. Приврзаниците на Сириза на оваа забелешка одговараат:„ако може да води толку успешна партија, тогаш може да ја води и државата“.

Не е исклучено меѓународните кредитори да и попуштат на Грција во врска со меморандумот и да се променат некои точки во него. На меѓународната заедница не и е сеедно дали Грција ќе остане во еврозоната или не, пред се поради стравот од ширење на финансиска паника во Шпанија и Италија.

Сепак се ќе зависи од преговарачките способности на идната грчка влада која, за доброто на сите, би требало да почне да функционира веќе од понеделник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...