Светот ги очекува резултатите од изборите во Грција

Синоќа заврши предизборната кампања во Грција за парламентарните избори кои се сметаат за најважни за земјата во последните неколку децении, затоа што резултатите ќе влијаат врз еврозоната и светската економија, јави дописникот на МИА од Атина.

Најмногу шанси да победат на овие избори имаат Коалицијата на радикалната левица – Сириза и конзервативната Нова демократија, кои според последните анкети имаат еднакви шанси. Сепак, и овој пат не се очекува ниту една партија да освои апсолутно мнозинство. По изборите што се одржаа на 6 мај, ниту една партија не успеа да формира влада поради огромните разлики во врска со владините мерки за штедење наметнати од ЕУ и ММФ.

Светски медиуми денеска посветуваат голем простор на изборите во Грција.

„Светските лидери и финансиските пазари се подготвуваат за резултатите од парламентарните избори, кои ќе се одржат в недела во Грција“, пишува „Фајненшл Тајмс“. Според весникот, основно прашање е дали доволно брзо може да се формира влада која ќе ги исполни условите од договорот со ЕУ и да спречи банкрот на земјата.

„Европа и светот се подготвуваат за можна финансиска катаклизма по парламентарните избори во Грција, кои можат да ја одредат иднината на еврозоната“, пишува „Индепендент“.

„Њујорк Тајмс“ информира дека стотици вработени во големи фирми и банки в недела ќе бидат на „стенд бај“ чекајќи ги резултатите од изборите во Грција. Тие се подготвуваат за најлошото сценарио. Стравот е дека гласањето ќе ги зголеми шансите на Грција за излез од еврозоната и глобалниот финансиски систем ќе претрпи последици кога берзите ќе почнат со работа в понеделник. Откако беа неподготвени за екстремниот стрес од кризата во 2008 година, големите банки во САД се одлучни да бидат подготвени овој пат. Тие преземаат мерки со цел да се справат со нестабилноста во Европа. Во Њујорк и Лондон банките формирале кризни тимови и вежбаат добро разработени реакции на разни сценарија, пишува „Њујорк Тајмс“.

„Вашингтон пост“ тврди дека постојат големи шанси Грците утре да изберат партија што ќе ја повлече земјата од еврозоната и заклучува дека „изборите во Грција можат да ја одредат иднината на еврото“



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...