Свртете се кон иднината

Сараево, 25 јули 2012 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун денеска од Сараево ги повика балканските земји да се свртат кон иднината.

Во изјавата пред медиумите Бан рече дека балканските земји брзо напредуваат во процесот на евроинтеграцијата, дека се наоѓаат во процес на транзиција и оти не треба ниту една од овие земји да заостанува зад другите.

Бан истакна дека балканските земји имаат заедничка култура и историја и токму поради тоа треба да вложат заеднички напори во барањето на вистината, правдата и помирувањето.

- Можете да сметате на ОН како на партнер на тој пат, рече Бан.

По средбата со претседателот на босанското претседателство Бакир Изетбеговиќ и со членовите на претседателството Небојша Радмановиќ и Жељко Комшиќ Бан потенцираше дека во последните 20 години Босна и Херцеговина направила повеќе важни чекори и оти денеск земјата има големо влијание во ОН и во Советот за безбедност.

Тој оцени дека по војната БиХ повторно го гради општеството, а демократскиот премин секогаш е тежок.

Изетбеговиќ на заедничката прес-конференција рече дека БиХ станала земја која претходно примала помош, а денес пружа помош. Тој рече дека ОН имала огромна улога во Босна, но „при таа помош се случија и грешки на оние кои ја претставуваат Он, што кулминираше со геноцидот во Сребреница“.

Од босанскиот парламент Бан порача дека меѓународната заедница во 1995 година не успеала да го спречи геноцидот во Сребреница, но дека сега е на тест во Сирија.

- Му упатувам молба на светот...Не одолговлекувајте...дејствувајте сега за да се запре крвопролевањето во Сирија, рече Бар пред босанските парламентарци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...