Средба Оланд - Самарас за грчката должничка криза

Париз, 25 август 2012 (МИА) - Францускиот претседател Франсоа Оланд ќе има средба денеска со грчкиот премиер Андонис Самарас фокусирана на меѓународната помош за Грција.

Се очекува нивна изјава по средбата, соопшти кабинетот на Оланд. Самарас ќе биде примен од Оланд по вчерашната средба во Брлин со германскиот канцелар Ангела Меркел.

– За време на кризата ја изгубивме довербата едни во други. Сакаме Грција да ги исполни обврските. Нема да донесуваме никакви заклучоци пред да биде готов извештајот на тројката, изјави германската канцеларка Ангела Меркел по средбата во Берлин со грчкиот премиер Андонис Самарас.

- Знаеме дека бараме многу од Грците. Тие се во пустина пет години и им треба нашата поддршка. Еврото е повеќе од парична единица. Тоа е идеја за обединета Европа. Сакаме Грција да остане во еврозоната, нагласи Меркел.

Самарас по средбата испрати три пораки: дека Грција ќе покаже резултати, ќе се ослободи од дефицитот и ќе ги исполни преземените обврски.

- Акциите зборуваат погласно од зборовите. Имавме конструктивни разговори. Ние веќе ги исполнуваме нашите обврски. Се надевам дека извештајот на тројката ќе го покаже тоа, рече Самарас.

Тој изјави дека Грците се „горд народ и оти не сакаат да живеат од пари што ги позајмуваат од други“, додавајќи дека земјата има ресурси кои ќе се обиде да ги искористи.

Грција нема да продава ненаселени острови, а може да ги дава под наем во случај на потреба, соопшти прес службата на грчката влада по информациите во западните медиуми. Тие се повикаа на премиерот Андонис Самарас, кој според написите, за францускиот весник „Монд“, ја најавил можноста за продажби на малите острови.

Прес службата подвлече дека ненаселените скалести острови нема да се продаваат и посочи дека дел од интервјуто на Самарас за „Монд“ било неправилно протолкувано.

Нема приватни острови, туку само неколку скалести островчиња, кои се ненаселени. Во случај да нема никаков проблеми за националната безбедност, овие острови може да бидат искористени, но во никаков случај не станува збор за нивна распродажба, туку тие може да бидат претворени во „ корисна територија“, во вреден капитал, посочил Самарас.

Прес службата на грчката влада забележа дека станува збор „за искорстување на дел од недвижниот имот на државата, како и на скалестите ненаселени острови под различни форми: како долгогодишен наем, лизинг или државно-приватно партнерство, во кое државата нема да го загуби правото на сопственост врз објектите".

Грчки владин извор потврди дека прашањето за продажба на островите не е на дневен ред, туку ненаселените острови може да бидат искористени за создавање на мрестилишта за риба, изградба на сончеви и електроцентрали на ветер и друго.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...