Продолжува гранатирањето на турската армија врз сириски позиции

Анкара, 4 октомври 2012 (МИА) - Турската армија, распоредена во Акчакале, продолжува да извршува артилериски удари врз сириски позиции во реонот на сирискиот град Тал ал Абјад, на околу 10 километри од границата со Турција, јавија западни медиуми повикувајќи се на извори во силите за безбедност. 

Тие наведуваат дека артилерискиот оган во кој вчера беа убиени петмина цивили на турска територија, бил истрелан од Тал ал Абјад. 

Во турското гранатирање биле убиени војници, лојални на претседателот Башар ал Асад. Бројот на загинати не е прецизиран.

Во вчерашниот напад од сириска територија во Акчакале загинаа една жена и четирите нејзини деца, а 13 беа повредени.

Турските медиуми јавија дека една третина од населението од Акчакале е евакуирано.

Парламнетот на Турција утрово на вондредна седница ќе расправа дали да и даде мандат на армијата за трансгранични операции во Сирија. Таквата одлука беше донесена на синоќешната средба меѓу премиерот Реџеп Таип Ердоган со владиниот и армискиот врв.

Мандатот на армијата за трансгранични операции предвидува „да се реагира во случај на неопходност“. Сличен мандат турската армија доби во 2007 година за Северен Ирак.

Турција синоќа побара од Советот за безбедност на Обединетите нации да ги преземе „неопходните дејствија“ по сириското гранатирање. Во писмо на постојаниот претставник на Турција во ОН, Ертугрул Апакан до генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун и до претседавачот на Советот за безбедност за овој месец, постојаниот претставник на Гватемала Герт Розентал, Анкара го оцени инцидентот како „појава на агресија на Сирија врз Турција“.

Во писмото Турција бара од Советот „да преземе неопходни мерки за ставање крај на такви појави на агресија и гаранции дека Сирија ќе го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и безбедноста на Турција“.

Русија побара одложување на усвојувањето на декларацијата до 14 часот по Гринич, за да може руската мисија во ОН да се консултира со Москва. Според дипломтски извор можно е Русија во меѓувреме да предложи измени на текстот или дури да предложи меѓународна истрага на инцидентот.

Во меѓувреме, амабсадорите на државите-членки на НАТО остро ја осудија Сирија за гранатирањето на Турција и упорното кршење на меѓународното право. По вонредниот состанок одржан синоќа, тие изразија длабока загриженост и ја предупредија Сирија да престане со „агресивни дејсвија против држава-членка“ како и со „упорното кршење на меѓународното право“, се наведува во соопштение.

Во исто време, Сирија соопшти дека врши истрага за минофрлачкиот напад во кој загинаа петмина цивили, а 13 беа повредени во соседна Турција и повика на воздржаност откако Турција во одговор нападна цели во Сирија.

Сирискиот министер за информации Омран Зуби изрази сочувство на семејствата на турските граѓани кои загинаа во нападот. Тој нагласи дека Сирија го почитува суверенитетот на соседните земји и повика и другите да го почитуваат суверенитетот на Сирија и да ги контролираат границите со цел да спречат преминување на бунтовници и шверц на оружје.

Омран Зуби потврди дека Дамаск се држи до добрососедските односи со турскиот народ, кој останува пријател и брат.

Сириските бунтовници, исто така, потврдија дека Турција извршила напад на позиции на сириската армија по минофрлачкиот напад врз турско погранично село.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...