Не е можнo брзо укинување на безвизниот режим

Стразбур, 15 октомври 2012 (МИА) - Засега и во блиска иднина не е можно враќање или суспендирање на безвизниот режим на ЕУ за земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, вели извор на МИА од Европскиот парламент, откако четири земји-членки на Унијата побарале расправа за приливот на лажни азиланти од балканските земји.

За враќањето на една земја на „црната листа“ потребна е промена на европското законодавство, што е долга постапка која треба да помине низ сите европски институции.

За механизмите за привремено суспендирање на визниот режим, расправата, поточно преговорите меѓу институциите на ЕУ се уште се во тек.

Изворот од Европскиот парламент вели дека во моментов се врши притисок од некои земји-членки на ЕУ, тоа да биде направено колку што е можно побрзо. Станува збор за Германија, Австрија, Белгија, Франција, Холандија и Луксембург.

Овој механизам, кога ќе стапи на сила ќе дозволи Европската комисија да ги одобрува барањата на некои земји-членки во „исклучителни ситуации“, привремно да го укинат безвизниот режим или да ги затворат границите.

На 25 октомври Советот на министрите за внатрешни работи и правда на ЕУ се очекува да расправа за приливот на „лажни азиланти“, посебно од Македонија и Србија. Но на дневниот ред официјално се уште не е истакнато ова прашање.

На состанокот на 27-мината во Луксембург е предвидено да се расправа за третиот извештај на Европската комисија со кој се надгледува безвизниот шенгенски режим за државите од Запаен Балкан.

Од она што го дознава дописникот на МИА од Стразбур, Комисијата доста позитивно ги оценува напорите на македонските власти во запирањето на бранот на лажни азиланти. Комисијата, исто така, констатира дека приливот на азиланти е „сезонски“ и дека барањата се од социјална и економска природа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...