ЕУ треба да им помогне на Македонија и Србија

 Париз, 25 октомври 2012 (МИА) - Во интервју за париски „Фигаро“ и „Франкфурте Алгемајне Цајтунг“, министрите за внатрешни работи на Франција и Германија, Мануел Валс и Ханс-Петер Фридриш сметаат дека е потребен заеднички одговор на ниво на Европа наспроти зголемениот број на баратели на азил, пренесува дописникот на МИА од Париз. 

- Нашите две земји се изложени на загрижувачки феномен: прилив на баратели на азил од земјите кои од неодамна уживаат безвизен режим. Нивните граѓани можат слободно да влезат во Шенген просторот. Овај прилив на баратели на азил, често неосновани, го загозуваат нашиот национален систем за азил, вели францускиот министер како одговор на прашањето околу имиграцијата на Ромите кои доаѓаат во Европа од Македонија и Србија.

Според Мануел Валс, правото на азил ја обврзува Франција да отвори и води досие за барателите и кога е сигурно дека тоа барање ќе биде одбиено.

- Проблемот треба да има европски одговор, вели тој.

 Неговиот колега од Германија, смета дека ЕУ треба да им пружи соодветна помош на Македонија и Србија.  Но, исто така Ханс-Петер Фридриш очекува Србија и Македонија да ја прифатат понудената помош.

- Ако тоа не функционира, механизмите за кои ќе одлучиме во рамките на Европскиот Совет ќе треба да бидат спроведени на дело, посебно суспензијата на безвизниот режим. Тоа е нашата јасна порака која им ја испраќаме на Србија и Македонија, ние бараме овие две земји да учествуваат во решавањето на проблемот,  додава Фридриш.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...