Усвојување на „заштитната клаузула“ за суспензија на безвизниот режим

Луксембург, 26 октомври 2012 (МИА) - Министрите за внатрешни работи на земјите- членки на Европската унија се заложија за усвојување на „заштитната клаузула“, која овозможува суспензија на безвизниот режим за земјите од Западен Балкан.

За заштитниот механизам да влезе во сила потребно е тој да биде усвоен од Европскиот парламент. Механизмот предвидува враќање на визите за период од шест месеци за земјите од кој доаѓаат голем број на мигранти или азиланти, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Шведскиот министер за внатрешни работи Тобијас Билстрем нагласи дека главната тема на состанокот не била повторното враќање на визите за земјите од Западен Балкан, туку разгледувањето на серија на мерки за да се реши проблемот со лажните азиланти. Некои од тие мерки треба да бидат донесени од земјите од Западен Балкан, додека другите од земјите-членки на ЕУ.

Еврокомесарката за внатрешни работи Сесилиа Малмстром на прес-конференцијата најави дека заклучоците од состанокот во Луксембург ќе бидат претставени пред министрите за внатрешни работи од земјите од Западен Балкан на состанокот, планиран за ноември во Тирана. Таму заедно со делегацијата од ЕУ тие ќе разговараат детално за проблемот со лажните азиланти и мерките за зачувување на безвизниот режим.

Германскиот државен секретар за внатрешни работи Оле Шредер од своја страна оцени дека „најголемиот број од министрите се согласуваат дека масовната злоупотреба на правото на азил е сериозен проблем.“ Тој најави дека германската Влада има намера да воведи мерки за скратување на постапката за давање азил, како и намалување на финансиската помош која им се дава на барателите. Швајцарија тоа го направи во август и во септември бројот на азилантите од Западен Балкан драстично се намали.

Кипарската министерка за внатрешни работи, Елени Мавру ги повика земјите од Западен Балкан да ги донесат неопходните мерки за борба против злоупотребата на привилегијата да се патува слободно во ЕУ.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ и дадоа широка поддршка на заштитната клаузула за суспензија на безвизниот режим и побараа таа да биде усвоена колку што е можно побрзо. Оваа процедура веќе е во постапка во ЕП од јануари 2012 година, каде не се крие дека земјите членки вршат притисок за да се забрза постапката.

- Се надевам дека наскоро ќе биде постигнат договорот со Европскиот парламент за измена на регулативата. Европската комисија ќе продолжи да ја следи ситуацијата, нагласи Мавру, додвајќи дека земјите-членки побарале од Комисијата да ја зајакне соработката со земјите од Западен Балкан со цел да се осигура дека критериумите на патоказите од визната либерализација се спроведуваат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...