Србија во шок: Харадинај е слободен

Хашкиот трибунал го ослободи денеска поранешниот премиер на Косово Рамуш Харадинај. Тој беше претходно ослободен од првата инстанца по обвиненија за злосторства извршени за време на конфликтот во Косово, јави Танјуг.

Обвинителите тврдеа дека Харадинај учествувал како командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), за прогонување на Србите од Косово во конфликтот во 1998-1999 година. Судскиот совет денеска утврди дека нема докази дека Харадинај и неговите двајца соработници Идриз Балај и Лахи Брахимај учествувале во ваков план.
Судскиот совет исто така заклучи дека тој не е виновен по ниту една точка од обвинението. Ослободени се и неговите соработници Идриз Балај и Лахи Брахимај.

Судот во Хаг наложи веднаш сите да се пуштат на слобода.
Судскиот совет, кој го сочинуваа Џастис Баконе Молото од Јужна Африка, Бартон Хол од Бахамите и белгискиот судија Ги Делова, утврди дека имало злосторства во Јабланица, но дека тројцата обвинети поранешни команданти на ОВК за нив не се одговорни.

Тоа е прв случај на повторно разгледување на процес во историјата на Трибуналот во Хаг, наложено откако апелативните судии го определија оправдувањето на Харадинај во 2008 година како „судска грешка“ поради заплашување сведоци на обвинението.

Во април 2008 година Харадинај беше ослободен целосно од Хашкиот трибунал по сите 37 точки од обвинението поради недостиг на докази. Обвинителството на Трибуналот ја обжали пресудата, а во јуни 2010 година Апелацискиот совет делумно ја поништи. Судиите истакнаа дека за време на првичниот судски процес постоело заплашување на сведоци.

Во август 2011 година Хашкиот трибуналот почна повторен судски процес по шест од 37 точки од првичното обвинение. За време на процесот беа сослушани 12 сведоци, а сведочењата на уште 44 лица беа претставени во писмена форма. Според обвинителот Пол Роџерс за време на повторниот процес било докажано дека обвинетите биле учесници во заедничко дело, чија цел била жестоко уништување на сите противници на ОВК, претставени како шпиони.

Харадинај беше премиер на Косово од трети декември 2004 година до осми март 2005 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...