„Хуриет“: Турското село Ширинџе, кое наводно ќе ја преживее апокалипсата запоседнато од новинари

Анкара, 21 декември 2012 (МИА) - Селото Ширинџе во западна Турција, за кое се тврди дека ќе биде поштедено од апокалипсата, која според календарот на Маите ќе настапи денеска, е запоседнато од новинари и фоторепортери, пишува денеска весникот „Хуриет“. 

Весникот нагласува дека на секое ќоше од селото има новинари од локалните и странските медиуми.

- Дојде очекуваниот ден. Во изминатите 24 часа Ширинџе преживува историски момент. Селото во изминатите часови се претвори во вистински филмски сет. До моментов во Ширинџе пристигнале околу 250 новинари, а се очекува нивниот број да достигне 400, пишува „Хуриет“.

Според една од легендите на планината Маден, која се наоѓа точно спроти селото, ќа слета огромен вселенски брод и од него ќе се покаже Исус, а луѓето во Ширинџе ќе бидат спасени.

Истовремено во последните денови во селото се зголеми и бројот на туристите и сите хотели и други сместувања се пополнети. 

Во селото заради осигурување на безбедноста се испратени 150 полицајци, а во дворот на училиштето се наоѓаат неколу возила на брзата помош. 

За селото Ширинџе, кое се наоѓа во округот Измир се тврди дека ќе биде поштедено од апокалипсата, бидејќи наводно таму Дева Марија се вознела кон рајот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1586.- Томас Хериот од Колумбија ги донесе првите...
1741.- Умре италијанскиот композитор и виолински...
1750.- Во Лајпциг умре Јохан Себастијан Бах,...
1804.- Роден е Лудвиг Фоербах, германски...