Цоказопулос осуден на осум години затвор за корупција

Атина, 4 март 2013 (МИА) - Поранешниот грчки министер за одбрана Акис Цохазопулос е осуден на осум години затвор, казна од 520.000 евра и конфискација на куќа во Атина заради неточно дадени податоци во неговата имотна пријава, соопшти електронското издание на весникот „Етнос“.

Судската одлука беше донесена денеска од тричлен судски совет на Апелацискиот суд во Атина.

Во обвинителниот акт се наведува дека Цохазопулос посочувал неточни податоци за својата имотна состојба во неговите имотни пријави од 2006 до 2009 година. Според документот во текот на 2006 година тој не пријавил и банкарски влогови, акции и хартии од вредност во вредност од околу 47.000 евра. Судот утврдил дека во текот на 2007 година не биле пријавени околу 33.000 евра од влогови и инвестиции, а во 2008 година. непријавените влогови изнесувале 20.000 евра.

Во имотната пријава за 2009 година не фигурирало, исто така, купување на куќата во Атина од неговата сопруга Вики Стамати, која, исто така, е ставена под одговорност. Скапиот луксузен имот е конфискуван, бидејќи било утврдено дека е купен со перење на валкани пари, што дошле од зделки со оружје.

Поранешниот министер за одбрана ги негира обвиненијата. Тој тврди дека спорниот имот е купен во 2009 година и бил пријавен во 2010 година, и дека претставил доволно податоци во своја одбрана за својата имотна состојба.

Акис Цохазопулос, поранешен министер во владите на социјалистите, еден од највлијателните луѓе во Грција, веќе седум месеци е во притвор под обвинение за скандалот со перење пари од зделки со оружје и за купување гласови.

Обвинението тврдеше дека тој неконтролирано се збогатил преку зделки со оружје за испорака на германски подморници и руски одбранбени ракети.

За многу Грци 73-годишниот Цохазопулос е прототип на оние политичари кои Грција ја доведоа до нејзината сегашна положба, еден од симболите на стариот систем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Си бил некој лудак во лудница. Му текнало да и напише писмо на мајка му и и напишал:
- Мамо овде во лудницава ни е добро. Секој ден одиме на базен. Сите мои другари скокаат на...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Англискиот суд ја прогласи за виновна Ана...
1571.- Татарски освојуачи ја запалија Москва.
1767.- Џенова на Франција и го продаде островот...
1773.- Роден е австрискиот канцелар кнез...