ВИДЕО: Масакар во Србија: Вооружен маж уби 13 лица (обновено)

Белград, 9 април 2013 (МИА) - Со истрели од огнено оружје маж рано изутринава уби 13 луѓе во местото Велика Иванча, кое се наоѓа меѓу градовите Младеновац и Топола во Србија, соопшти директорот на српската полиција, Милорад Вељовиќ.

Според него, 12 лица се убиени на самото место на инцидентот, а едно им подлегнало на здобиените повреди во Ургентниот центар во Белград.

- Две лица се борат за живот. Меѓу нив најверојатно е и сторителот на ова ужасно злосторство, рече Вељовиќ.

Дежурниот лекар во службата за Брза помош во Младеновац, Васиљ Жмико за Танјуг изјави дека две лекарски екипи заминале на местото на инцидентот од каде во Белград, пренеле тројца ранети.

Жмико информира дека во Службата за брза помош повикот за испраќање медицински тимови во Велика Иванча бил добиен околу 5:40 часот.

Танјуг претходно јави дека 13 лица се убиени во Велика Иванча кога 60-годишниот Љубиша Б. од огнено оружје пукал врз луѓето во негово соседството, убивајќи шест мажи, шест жени и едно новороденче.

Напаѓачот потоа стрелал и во неговата сопруга во обид да ја убие и на крајот се застрелал и себеси. Според болнички извори, убиецот и неговата сопруга се здобиле со прострелни рани и се наоѓаат во критична здравствена состојба.

Полициската истрага на местото на инцидентот е во тек.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...