Српските пратеници го изгласаа договорот меѓу Србија и Косово

Српскиот парламент го изгласа договорот за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово, парафиран на 19-ти април во Брисел под покровителство на ЕУ, од страна на премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи.

Договорот, отфрлен од српските ултранационалисти и косовските Срби, беше поддржан со големо мнозинство во парламентот кој има 250 пратеници. Од нив 173 го поддржаа договорот, против беа 24, а шест беа воздржани.

Српскиот парламент беше повикан да даде својата поддршка за активностите на Владата, а не да гласа за содржината на самиот договор.

Склучувањето на овој договор беше процес награден во понеделникот од страна на Европската комисија, која препорача започнување на преговори за пристапување на Србија кон Европската унија.

Српскиот премиер, Ивица Дачиќ, свртувајќи се кон пратениците, рече дека Србија „одамна не го поседува Косово“.

- Секој треба да направи нешто и да склучи договор со косовските Албанци, за да се „стави крај на минатото, на сиромаштијата и поразите“, рече тој.

- Само ако имаме храброст, ако имаме визија, можеме да ја направиме Србија просперитетна држава, рече Дачиќ.

Сепак, тој истакна дека договорот не значи „во никој случај признавањето на независноста на Косово“.

- Да, ние можеме да ги отфрлиме договорот и да станеме Северна Кореја во Европа. Но што ќе се случи потоа со Србија?, праша Дачиќ.

Белград жестоко се спротивставува на независноста на Косово, прогласена еднострано во февруари 2008 година и призната до денес од 96 од вкупно 193 земји-членки на ОН, вклучувајќи ги САД и 22 од 27-те земји-членки на ЕУ.

Повеќе од 57% од Србите би го поддржале договорот со Приштина. 29% од нив, според последното истражување се против.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...