Балкански парадокси:

Сите студираат, а знаење нема никаде

Последните години во земјите на Балканот се забележува тренд на раст на бројот на студенти запишани на факултети кои на крај не можат да го понудат бараното знаење на пазарот на трудот, или едноставно завршуваат на бирото за вработување, покажа истражувањето на агенцијата Анадолија (АА).

Така според податоците на Агенцијата за статистика во БиХ во зимскиот семестар оваа академска година, на универзитетите во БиХ запишани се 115.723 студенти, од тие 102.357 се студенти запишани на сите години на студии, а 13.366 се апсолвенти.

Исто така, во БиХ во 2012 година дипломирале 18.279 студенти, што е за 2,5 отсто повеќе од 2011 година.

Професорката на Природно-математичкиот факултет во Сараево Ламија Тановиќ во изјава за агенцијата Анадолија рече дека во БиХ не постои средена уписна политика на факултетите.

- Од војната па до сега не постои средена уписна политика, бидејќи студентите се запишуваат неплански на универзитетот во Сараево, како и во другите градови. Кантонот одредува колку ќе има запишани и се запишуваат толку студенти колку што ќе одлучи кантонот, а тоа е стар и надминат систем. Едноставно, немаме развиена уписна политика која би дала квалитетен и потребен човечки капитал – вели Тановиќ.

Исто така, додава таа, дека последните години се отвораат многу универзитети кои немаат потребен стручен и квалификуван кадар. Тие не покренуваат насоки на егзактни науки туку повеќе социјални и менаџерски насоки.

- Последната година имаме и голем број на приватни универзитети кои не придонесуваат за зголемување на знаењето и вештините кај студентите. Моментално имаме околу 45 универзитети или факултети од кои само осум се државни. Имаме премногу студенти на социјални науки и економија, додека многу малку се заинтересирани за медицина, физика и егзактните науки – истакна Тановиќ.

Исто така и во Хрватска последната година се зголеми бројот на студентите кои се одлучуваат да се запишат на некој факултет во таа земја.

Според податоците на Државниот завод за статистика во РХ, во зимскиот семестар на академската 2011-2012 година на факултетите во РХ во сите години на студии се запишале вкупно 152.857 студенти, што е за 2,8 отсто повеќе во однос на зимскиот семестар ланската академска година.

Уделот на студентите е 56,8 отсто и не е многу променет во однос на академската 2012-2011 година.

Според податоците на Заводот за статистика на Црна Гора, во зимскиот семестар на академската 2012-2013 година на основните студии во таа земја се запишале вкупно 22.279 студенти, што е за 0,23 отсто повеќе во однос на зимскиот семестар ланската академска година. Уделот на студентите е 53,3 отсто. Од вкупниот број на запишани студенти, најмногу се на Универзитетот на Црна Гора, 81,9 отсто.

Студентската популација на Србија во учебната 2010-2011 година, според податоците на Републичкиот завод за статистика, е вкупно 228.531 студент. Од тие, 127.154 се студентки и 101.377 се студенти.

Студентките се 55,6 отсто од студентската популација. Околу 21.000 студенти или 9 отсто од студентската популација се постари од 30 години. Нешто повеќе од 1 отсто студенти се постари од 40 години. Најстариот регистриран студент е стар 81 година.

Според податоците на Заводот за статистика на Македонија, во таа земја во академската 2012-2013 година запишани се 56.906 студенти. Од тој број студентки се 31.005 т.е. 54,5 отсто од студентската популација. Повеќето студенти, т.е. 86,8 отсто од нив се запишани на државни факултети, додека 12,7 отсто се на приватни факултети, а 0,5 отсто на теолошки факултети.

Професорката Тановиќ потенцира дека во земјите на Балканот не постои добра комуникација и соработка меѓу универзитетите и стопанските субјекти, како што е тоа пракса на Западот.

- Денес не постои добра соработка меѓу универзитетите и пазарот на трудот, бидејќи имаме голем број на студенти кои завршуваат факултети и немаат работа. Во поранешна Југославија постоел совет на професори во кој компаниите имале свои претставници. Секоја година тие давале совети и препораки за да можат заедно да определат кој човечки кадар е најмногу потребен на пазарот на трудот. Меѓутоа, од крајот на војната па до денес имаме проблем околу тоа, бидејќи не постои договор и соработка меѓу универзитетите и компаниите, па така неплански се образуваат новите генерации на студенти. Очигледно е дека постоечкиот систем не функционира бидејќи на бироата за вработување имаме илјадници лица со завршени факултети – тврди професорката од БиХ.
Таа смета дека најголем проблем е високото образование во БиХ и го истакна и недостатокот на практично знаење, како и премногу непотребно теоретско знаење.

- Пазарот на трудот не е во состојба да апсорбира толкав број на студенти. Исто така, имаме сериозен проблем и поради немање на пракса што е предуслов за квалитетни студенти. На Запад нема преобилна теорија како кај нас. Студентите еден дел од образованието мораат да го поминат низ пракса. Потребно е да се учат вештини кои ќе се искористат во професионална работа. А тоа е можно само низ практична работа – рече др. Ламија Тановиќ за агенцијата Анадолија.

Анадолија



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...