Вучиќ по предвремените избори нов премиер

Лондон, 3 октомври 2013 (МИА) – Првиот потпретседател на српската Влада Александар Вучиќ следната година ќе ја консолидира својата позиција и по веројатните предвремени избори, ќе го преземе водењето на Владата, објави Економист.

Весникот наведува дека тој денес е највлијателниот политичар во Србија популарен е заради тоа што избирачите него го гледаат како некој „кој се ставил себеси над личните и партиски интереси“ и „делува во широк национален интерес“.

– Неговата цел да се дојде до резултати во европските интеграции и борбата против корупцијата, импонира кај гласачите кои се навикнати на политичари кои даваат ветувања, но не ги исполнуваат, се вели во текстот со наслов Александар Вучиќ: Човек на задача.

Весникот пренесува и дека во последните две анкети 66 отсто испитаници го сакаат него за премиер. Неделникот потсетува и дека тој за време на последните парламентарни избори не фигурирал како клучен играч туку се било насочено кон Томислав Николиќ кој го победи Тадиќ.

- ...Вучиќ и Владата беа успешни во привлекување странски инвеститори, вклучително и арапски инвеститори од Абу Даби и Катар...Вучиќ може да биде и политички прагматичен, додава весникот.

– Под претпоставка дека Владата ќе отвори преговори со ЕУ во јануари, Вучиќ веројатно ќе бара предвремени избори во првата половина од 2014 година врз основа на кои ќе ја формализира својата позиција на најмоќен политичар во државата, оценува лондонски Економист.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...