Србија ќе биде прва наредна членка на ЕУ

Вашингтон, 4 октомври 2013 (МИА) - Српскиот премиер Ивица Дачиќ изрази уверување дека Србија ќе биде прва наредна членка на ЕУ, како и очекувањето оти тоа ќе се случи што побрзо.

- Сакаме Србија да стане членка на ЕУ што е можно побрзо. Уверени сме дека Србија ќе биде следна, 29-та членка на ЕУ, бидејќи веруваме оти тоа е потребно и на Србија и на ЕУ, рече Дачиќ во интервју за Си-Ен-Ен.

Тој изрази очекување дека Србија ќе биде примена во следните десет години.

На прашањето како го гледа решението за проблемот со Косово, Дачиќ призна дека не е лесно да се најде решение за Косово, особено, како што рече, во оваа фаза кога работите „отишле предалеку“.

- Многу подобро и поправично решение можеше да се најде порано, со што ќе ја избегневме војната и напнатоста во регионот. Тоа, меѓутоа, не е дел од нашиот актуелен дијалог, рече Дачиќ.

- Би сакале односите да бидат нормализирани и да постигнеме конечно решение, рече тој и додаде дека Србија не може и не сака да ги внесе своите проблеми во ЕУ.

- Тоа е една од причините поради кои водиме отворен дијалог со Приштина за да ги нормализираме односите и да ги решиме проблемите пред приемот во ЕУ. Но тоа не значи промена на политиката кога се работи за признавање на независноста на Косово, истакна Дачиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...