Грците огорчени - Субрата Рој ја изигнорира Грција

За кратко време инвестираше 200 милиони евра, а вети уште 1,5 милијарди. Инвеститорот и обожавател на Мајка Тереза, е големиот индиски бизнисмен Субрата Рој, а „среќната” земја е нашиот сосед Македонија”, вака грчкиот он-лајн магазин за бизнис и финансии “Еuro today” информира за инвестицијата на како што велат – еден од најбогатите Индијци.

Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, грчките медиуми со голема огорченост информираат дека Субрата Рој ја изигнорирал Грција, кога грчки новинари го запрашале дали би го проширил бизнисот и кон јужниот сосед.

„Се прашуваме дали индискиот инвеститор има аспирации кон Грција ? Се чини дека на средбата со грчките новинари тој целосно го игнорираше тоа каде се наоѓа Грција и кое е растојанието од Скопје и Охрид до Солун. На прашањето за евентуален интерес за проширување и во Грција, тој одговори негативно, иако смета дека поради падот на цените во нашата земја се нудат многу инвестициски можности”, се вели во текстот на “Еuro today”.

Весникот “Имерсиа” пак информира дека на прашањето зошто наместо во Македонија, не инвестирал во Грција, Хрватска или Србија, Субрата Рој одговорил - затоа што Македонија е нова инвестициска земја, но и затоа што е поврзана со Индија преку Мајка Тереза. Грчкиот весник отиде дотаму што во продолжение се обиде да ја оспори не само врската на Мајка Тереза со Македонија, туку и целата македонска историја, па излезе со следнава неверојатна конструкција:

„Светски познатата поборничка за слобода е родена во Скопје, но бидејќи нема никаква врска со земјата, таа стана симбол на Владата на Груевски, како што е и целата историја на Македонија”, тврди грчкиот весник, завршувајќи со коментар дека во Македонија се дише “македонски ветар” и дека насекаде низ земјата има споменици што ги потсетуваат граѓаните дека се директни потомци на Македонците.

“Владата на господинот Груевски инвестираше многу во „Македонија” и изгледа дека ја оствари својата цел, бидејќи пред се, сите странци сега не знаат дека постои земја наречена ФИРОМ, туку држава со име Македонија”, со незадоволство коментира весникот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...