Во Албанија продолжуваат протестите

Рама одлуката ќе ја каже попладне

Тирана, 15 ноември 2013 (МИА) – Масовните протести во Тирана и во многу градови во Албанија, против уништувањето на сириското хемиско оружје, продолжуваат и денеска. Кон протестите се повеќе се придружуваат граѓани, ученици, студенти, кои категорично се против, зашто, како што велат тоа значи смрт за нацијата, јави дописникот на МИА од Тирана.

Во меѓувреме најавено е дека премиерот Еди Рама, попладнево во 17 часот ќе се обрати до јавноста и ќе ја каже конечната одлука.

Како што пренесува тиранската телевизија Топ-чанел, тој синоќа имал телефонски разговор со американскиот државен секретар Џон Кери, но детали од разговорот нема.

Обраќањето на Рама до нацијата се очекуваше синоќа, кога тој ја прекина посетата на Црна Гора и се врати во Тирана. Седницата траеше два часа, по што Рама не даде изјава.

Американскиот амбасадор во Тирана, Александер Арвизу, кој беше гстин во емисијата „Топ стори“ за Топ чанел, изјави дека премиерот на Албанија пред неколку недели изразил подготвеност оружјето од Сирија да се уништува во неговата земја и оти ќе бидат разочарани ако сега се каже не.

Шефот на државата Бујар Нишани изјави дека тој воопшто не е информиран за ова прашање а пак првиот парламентарец Илир Мета, вчера на средба со демонстрантите рече дека Владата нема да донесе одлука против желбата на народот.

Министерот за внатрешни работи Саимир Тахири, на својата Фејсбук страница, коментирајќи ги протестите напиша дека премиерот Рама ќе донесе потребна одлука за својот народ и земја.

Албанската опозиција предводена од демократите, која е против уништувањето на сириското хемиско оружје да биде во Албанија, донесе одлука на протестите да не присуствува ни еден пратеник или партиски функционер, со цел тие да не добијат политичка конотација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...