Стратегија за проширување:

Отворените прашања да се решаваат согласно меѓународното право

Брисел, 17 декември 2013 (МИА) - Додека министрите за надворешни работи на состанокот на Советот за општи работи (ГАК) на ЕУ ги договараат заклучоците во однос на процесот за проширување, што во четврток и петок треба да бидат усвоени на Самитот на Европскиот совет, веќе е јасна и општата Стратегија за проширување, како и Стратегијата за проширување со земјите од Западен Балкан.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, овие заклучоци договорени уште на ниво на амбасадори на ЕУ-земјите, не се очекува да претрпат измени на денешниот ГАК, па затоа е интересен еден од параграфите во однос на Стратегијата за проширување на Западен Балкан.

- Отворените прашања и проблеми треба да се решаваат во согласност со меѓународното право и утврдените принципи, вклучително и преку имплементација на законски обврзувачки договори, меѓу другото и прашањата за договори за сукцесија. Советот, исто така, го охрабрува склучувањето на билатерални конвенции за регионална соработка, се вели во третиот параграф од Стратегијата за Западен Балкан.

Со ова, всушност, Унијата и дава простор на Република Македонија за признавање на пресудата на Меѓународниот суд на правдата дека Грција не смее да ја блокира при интеграцијата во меѓународните организации. Иако Грците пресудата не ја почитуваат, сепак, со ваков заклучок ЕУ признава дека нашиот јужен сосед тоа мора да го направи оти тоа е став на официјален Брисел.

Инаку, во однос на останатите параграфи од Стратегијата за проширување со земјите од Западен Балкан, се вели дека Советот ја потврдува својата недвосмислена посветеност на европската перспектива на Западниот Балкан, што останува есенцијално за стабилноста, помирувањето и иднината на регионот.

- Во согласност со заклучоците на Советот од декември 2012 година, ја потврдуваме потребата за фер и ригорозна условеност во рамки на Копенхашките политички критериуми и процесот за стабилизација и асоцијација во согласност со обновениот консензус за проширувањето одобрен од страна на Европскиот совет на 14 и 15 декември 2006 година. Советот потсетува дека процесот на стабилизација и асоцијација останува заедничка рамка за односите со Западниот Балкан до пристапувањето на земјите, се наведува во заклучоците кои попладнево ќе бидат усвоени.

Советот, исто така, ќе потенцира и дека регионалната соработка и добрососедските односи се есенцијален елемент од процесот за стабилизација и асоцијација и ќе го поздрави понатамошниот прогрес на Западниот Балкан во однос на регионалната соработка и помирувањето, истакнувајќи дека “инклузивноста на овој процес мора да биде осигурана од страна на сите засегнати страни”.

- Советот целосно ја поддржува работата на Процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа и Советот за регионална соработка, како негова оперативна рамка, како инклузивна платформа, координирање и следење на спроведувањето на ЈИЕ “2020 стратегија”, особено преку развивање на јавен мониторинг-механизам за да се измери напредокот, вклучително и според националните акциски планови. Засегнатите страни во Западниот Балкан мора да осигураат дека сите спорови меѓу нив немаат штетен ефект врз нивната заедничка цел за напредок кон членство во ЕУ, се наведува во овој параграф од заклучоците.

Советот ќе забележи дека прашања кои вклучуваат воени злосторства, исчезнати лица, враќање на бегалците и заштита на сите малцинства, како и обезбедување еднакви права за сите граѓани - остануваат клучни предизвици за стабилноста и треба целосно да се решат. Што се однесува до воените злосторства, Советот ќе ја нагласи потребата за решавање на неказнувањето и да се обезбеди одговорност, како и целосно да се соработува и да се поддржи работата на Меѓународниот трибунал за воени злосторства на просторот на поранешна Југославија и посебниот истражен тим на ЕУЛЕКС.

- Признавајќи ја особената важност на визната либерализација за граѓаните, Советот ја охрабрува Комисијата да продолжи внимателно да го следи спроведувањето на сите услови поставени за визната либерализација преку својот механизам за следење. Советот ја нагласува важноста на понатамошната работа кон социо-економска интеграција на малцинствата во регионот. Советот бара од властите на земјите од Западен Балкан да ги преземат сите неопходни мерки во согласност со меѓународните обврски за човековите права и против злоупотреба на безвизниот режим при патување со цел да се осигура неговото неограничено продолжување, гласи овој дел од заклучоците договорен уште на амбасадорско ниво.

Единствен параграф од Стратегијата за Западен Балкан што денеска се очекува да добие некаква промена е тоа дека “Советот ја нагласува важноста на владеењето на правото, особено во борбата против организираниот криминал и корупцијата, што сега е цврсто закотвено во срцето на процесот на пристапување, како и економско управување и конкурентност, вклучувајќи ги и политиките за подобрување на деловното опкружување и раководењето на јавните финансии и Советот ја нагласува потребата за одржливо спроведување на реформите во овие области”.

Во однос на генералната Стратегија за проширување на ЕУ, договорените заклучоци од состанокот на т.н. “КОРЕПЕР”-група, не се очекува да претрпат измени и денеска, Советот за општи работи на ЕУ треба само да ги усвои. А, тоа е дека во однос на Стратегијата за проширување, Советот заклучува дека во согласност со обновениот консензус за проширувањето одобрен од страна на Европскиот совет на 14 и 15 декември 2006 година, како и заклучоците на Советот од 11 декември 2012 година, Советот ја поздравува комуникацијата со Европската комисија од 16 октомври 2013 година за Стратегијата за проширување и главните предизвици (2013-2014), како и прогрес-извештаите за Турција, Црна Гора, БЈР Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово и ги зема предвид заклучоците и препораките во него.

- Проширувањето останува клучна политика на ЕУ. Тоа продолжува да промовира мир, демократија и стабилност во Европа и и овозможува на ЕУ да биде подобро позиционирана во справувањето со глобалните предизвици. Пред 20 години, ЕУ ги договори Копенхашките критериуми за влез на идните земји-членки во Унијата. Пред 10 години на Солунскиот Самит во 2003 година, ЕУ ја повтори својата недвосмислена поддршка за европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Пристапувањето на Хрватска во ЕУ како 28. земја-членка на 1 јули оваа година, како и историскиот договор постигнат меѓу Србија и Косово во април 2013 година, се силни и видливи сведоштва од трансформативниот и стабилизирачки ефект на процесот на проширување. Советот останува цврсто посветен за движење на процесот на проширување напред врз основа на договорените принципи и заклучоци, се наведува на почетокот од генералната Стратегија.

Советот се очекува да нотира и дека доследното применување на обновениот консензус за проширувањето, што е базирано на консолидација на обврските, правична и ригорозна условеност, подобра комуникација во комбинација со капацитетот на ЕУ да интегрира нови членки во сите негови димензии, со тоа што секоја земја се оценува според сопствените заслуги, продолжува да биде од клучно значење за успех на процесот на проширување.

- Советот го поздравува новиот пристап кон преговорите со отворање на поглавјата за правосудство и основните права и правдата, слободата и безбедноста, почнувајќи со Црна Гора и градење на основа на искуството на претходните преговори за пристапување, го стави прашањето за владеењето на правото во срцето на процесот на проширување. Ова е есенцијално за да се осигура солиден учинок во борбата со корупцијата и организираниот криминал. Во овој поглед, Советот очекува понатамошна соработка со Еуропол во овие области, како и поблиска интеракција со земјите-членки, како и намерата на Комисијата да го зајакне оценувањето и извештаите до Советот за организираниот криминал за секоја земја од Западен Балкан, врз основа на специфични придонеси подготвени од страна на Европол, се наведува во овој параграф.

Она што е одамна познато е дека владеењето на правото е исто клучно за економски разој и креирање на поволна бизнис средина и инвестициска клима. Советот ќе го поздрави предлогот на Еврокомисијата за засилување на дијалогот за економско управување со земјите во процес на проширување, со цел да им се помогне да ги исполнат економските критериуми и подобро да бидат подготвени во однос на економските реформи, конкуренцијата и креирањето на работни места.

- Во овој поглед, Советот со нетрпение очекува понатамошна дискусија за тоа како да се подобри билатералниот и мултилатералниот дијалог со земјите во процесот на проширување, вклучително и преку соработка со големите меѓународни финансиски институции за градење на тековната рамка проширување и структура, се наведува во драфт-заклучокот кој се очекува денеска само да биде усвоен.

- Во согласност со релевантните заклучоци на Советот, ја повторуваме важноста од справување со определување на почетокот на процесот на проширување на постоечките клучни предизвици во земјите опфатени со проширувањето. Советот ја зема предвид иницијативата дека Комисијата има намера да оди напред во тој поглед. Клучните предизвици, како владеење на правото, функционирање на институциите што гарантираат демократија, политичка инклузивност, основни и човекови права, вклучително и слобода на изразувањето и правата на лицата од малцинствата (Ромите и ЛГБТ-лицата). Исто така, регионална соработка и добрососедски односи остануваат важни делови од процесот на проширување. Тие придонесуваат за просперитет, стабилност, помирување и погодна клима за решавање на отворените билатерални прашања и наследствата од минатото, се заклучува во продолжение од Стратегијата за проширување на ЕУ.

Советот ќе ја поздрави поддршката на процесот на проширување преку финансиска помош, особено во форма на Инструментот за претпристапна помош (ИПА). “Со нетрпение го очекуваме лансирањето на новиот ИПА, што ќе ја формира новата рамка за обезбедување на претпристапна помош во рамки на 2014-2020 повеќегодишната финансиска рамка, како и нејзината имплементација на постратешки и кохерентен начин. Улогата на граѓанското општество би требало, исто така, да биде зголемена и во програми имплементирани преку владини тела и како директни корисници на помошта од ЕУ”, гласи овој заклучок.

На крајот од генералната Стратегија за проширување, се очекува заклучокот дека “Советот продолжува да придава големо значење за кредибилитетот на процесот на проширување кој останува клучен за одржување на темпото на реформи во засегнатите земји и јавна поддршка за проширувањето кај земјите-членки на Унијата”. Ова посебно го напомена еврокомесарот за проширување Штефан Филе при последната препорака Македонија да ги почне пристапните преговори, што според него, ако по петтата препорака, Советот не го одобри, ќе влијае на кредибилитетот на Унијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...