Шариќ се предал бидејќи

Верува во „фер судење и ја сака вистината“

Белград, 18 март 2014 (МИА) - Балканскиот нарко бос Дарко Шариќ пред кривичниот вонсудски совет на Специјалниот суд во Белград изјави дека досега се криел во Латинска Америка и во Јужна Африка и оти сега доброволно се предал, изјави неговиот адвокат Радослав Бачевиќ по завршеното сослушување.

Во овој момент, според адвокатот, се уште не е донесена одлука за притвор на Шариќ. Тој додаде дека одлуката за притворот ја очекува во текот на денот.

Дарко Шариќ пред и по операцијата

Шариќ на Судот му кажал дека одлучил да се предаде бидејќи биле лоциран во Латинска Америка од страна на безбедносните служби на Србија и на Црна Гора.

Неговиот адвокат појасни дека Шариќ сакал од Латинска Америка да биде префрлен во Црна Гора за да се види со семејството, со кое добил можност да разговара околу половина час.

Бачевиќ додаде дека Шариќ се предал, бидејќи верува дека судењето ќе биде фер и чесно и оти ќе се утврди вистината.

Тој најави дека утре ќе го посети Шариќ со цел да се договорат што ќе прават на 24 март, за кога е закажано продолжението на судењето.

Според него, против Шариќ досега се покренати десет обвиненија.

Шариќ изутринава бил префрлен со авион од Подгорица во Белград и откако бил идентификуван во белградската Полициска управа, бил спроведен во зградата на Специјалниот суд, каде е сместен во притворската единица на Окружниот затвор во Белград.

Шариќ е уапсен изутрината во заедничка акција на властите на Србија и на Црна Гора.

Шариќ се товари за организирање на меѓународна трговија со дрога.

Шефот на нарко мафијата Дарко Шариќ во јавноста, поточно во медиумите првпат се појави во октомври 2009 година, кога беше пренесена информацијата дека уругвајската полиција запленила 2,8 тони кокаин на јахтата „Мауи“, под британско знаме, во пристаништето Сантијаго Васкес, 25 километри западно од Монтевидео. Во таа прилика се уапсени две лица, Уругваец и Србин, кои се обиделе кокаинот од јахтата да го префрлат на прекуокеански брод, чија крајна дестинација била Западна Европа.

Товарот со дрогата бил пресретнат во рамки на заедничката акција „Балкански воин“, на американската агенција ДЕА, српската БИА и полицијата на Уругвај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...