АКП гласаше Ердоган да се кандидира за претседател

Анкара, 17 април 2014 (МИА) - Поголемиот број на пратеници од владејачката турска Партија на правдата и развојот (АКП) денеска со тајно гласање ја поддржаа идејата премиерот Реџеп Тајип Ердоган да се кандидира за претседател на првите директни претседателски избори во август.

Гласањето претставуваше неофицијален тест на внатрепартиската поддршка, но Ердоган сам ќе одлучи дали ќе се кандидира за претседател.

- Убедливо мнозинство во АКП ја поддржа идејата Ердоган да се кандидира за претседател. Мала група оценува дека тој треба да остане на чело на партијата, изјави неименуван партиски извор.

До сега шефот на турската држава го избираше Парламентот. Актуелниот претседател Абдула Ѓул е близок соработник на Ердоган и еден од основачите на АКП. Ако Ердоган се кандидира за претседател, се очекува Ѓул да го замени на премиерското место.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...