Србите од Косово не прифаќаат создавање косовската армија

Косовска Митровица, 21 април 2014 (МИА) - За косовските Срби е неприфатливо создавањето на Армија на Косово, изјави градоначалникот на Северна Косовска Митровица, Горан Ракиќ, оценувајќи дека таквиот чекор е спротивен на Бриселскиот договор постигнат меѓу Белград и Приштина.

- Србите од Северот ги поздравуваат најавите на Приштина дека за формирањето на вооружени сили ќе решаваат дури по изборите, изјави Ракиќ за белградскиот весник „Вечерње новости“.

Според него, иако Приштина е под „евидентен притисок“ да го пролонгира формирањето на вооружени сили на Косово, има мали шанси дека косовските власти ќе се откажат од таквите планови.

- Во секој случај, за нас тоа е неприфатливо, а кога (вооружените сили) ќе бидат и формално основани, ние ќе решиме за нашите идни чекори, додава Ракиќ.

Косовските власти вчера најавија дека Собранието на Косово во сегашниот состав најевројатно нема да решава за измени на Уставот во делот на формирањето на вооружени сили и дека таа тема ќе биде ставена на дневен ред дури по изборите, што треба да се одржат во текот на оваа година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...