ВИДЕО: Бројот на жртвите се искачи на 232

Анкара, 14 мај 2014 (МИА) - Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган денеска соопшти дека бројот на загинатите во вчерашниот инцидент во рудникот во Сома се искачил на 232 лица.

Поради рударската несреќа Ердоган ја одложи денешната посета на Тирана.

Претходно, турското Обвинителство почна истрага за инцидент во рудникот во западна Турција. Обвинителството ќе ги испита и тврдењата за присуство на непријавени работници во рудникот.

Според обвинителот на Маниса, Дурду Кавак, причината за експлозијата во трафостаницата од каде почнал и пожарот во рудникот допрва претстои да биде анализирана.

Поради рударската несреќа во Турција е прогласена тридневна национална жалост.

Во меѓувреме турската полиција употреби солзавец против група демонстранти во Анкара, кои се собраа на протести обвинувајќи ја Владата дека е одговорна за рударската несреќа. На солзавецот демонстрантите возвратиле со камења кон полицајците.

Инцидентот се случил кога група од 700 до 800 луѓе се обиделе да организираат протестен марш од Универзитетскиот комплекс во Анкара до Министерството за енергетика, кое се наоѓа во истиот кварт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Од сите спортови најмногу ги сакам хокејот и боксот.
- Зошто?
- Оти сум забар!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1811.- Венецуела стана прва јужноамериканска...
1857.- Родена е Клара Цеткин, познат политички...
1889.- Роден е Жан Кокто, француски писател. Тој...
1988.- Во Скопје умре Драга Чаловска-Секуловска,...