Бројот на жртвите во Турција се искачи на 245

Анкара, 14 мај 2014 (МИА) - Турскиот  министер за енергетика Танер Јилдиз изјави дека бројот на загинатите во вчерашниот инцидент во рудникот во Сома во западна Турција се искачил на 245 лица.

Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека многу земји понудиле помош за извлекување на преживеаните рудари, меѓу кои САД, Израел, Франција, Полска, Германија, Иран, Грција и Европската унија.

- Сега спасувачите се на најдлабокото место во рудникот. Нивните можности се доволни и немаме потреба од странска помош. Во неопходен случај ќе побараме помош, се наведува во соопштението на Министерство за надворешни работи.

Турската полиција употреби солзавец против демонстрантите во Анкара и во Истанбул, кои бараат оставка од Владата поради рударската несреќа.

На протестот во Анкара учествуваа околу 4.000 луѓе, а дел од нив се судрија со полицијата.

Илјадници луѓе излегоа на улиците во Истанбул. Тие поминаа по главниот булевар по што беа растерани од полицијата.

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган претходно во Сома вети сериозна истрага за инцидентот, кој е еден од најтешките несреќи на работно место во историјата на Турција.

Тој отфрли секаква одговорност на Владата за несреќата, додавајќи дека такви инциденти се случуваат секаде во светот. Владата е обвинета за евентуална небрежност, а синдикалните лидери побараа оставки од министрите за труд и за енергетика.

Поради рударската несреќа Ердоган ја одложи денешната посета на Тирана.

Жителите на Сома ги исвиркаа Ердоган кога тој излегуваше од општинската зграда и извикуваа „Влада - оставка“. Дел од незадоволниот народ и покрај засиленото полициско обезбедување го нападнаа автомобилот во кој беше премиерот. Тие го клоцаа автомобилот, фрлаа со камења и извикуваа „убиец“ и „крадец“.

Во моментот на несреќата во јагленокопот имало 787 рудари, од кои 363 се спасени. Повеќе од 80 се повредени, од кои четворица се во критична состојба.

Според локалните медиуми пред три недели турскиот Парламент одбил формирање на комисија задолжена за проверка на безбедноста на рудниците. Предлогот за формирање на комисија бил доставен од трите опозициски партии, но бил отфрлен од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).

Министерството за труд соопшти дека рудникот во Сома бил проверен во март и оти не биле утврдени недостатоци.

Претходно, турското Обвинителство почна истрага за инцидент во рудникот. Обвинителството ќе ги испита и тврдењата за присуство на непријавени работници во рудникот.

Според обвинителот на Маниса, Дурду Кавак, причината за експлозијата во трафостаницата од каде почнал и пожарот во рудникот, допрва претстои да биде анализирана.

Поради рударската несреќа во Турција е прогласена тридневна национална жалост.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...