Опаѓа нивото на водата во Обреновац

евакуацијата продолжува, повеќе патишта во Србија и натаму непроодни

Белград, 19 мај 2014 (МИА) - Нивото на водата во Обреновац опаѓа, а евакуацијата на населението продолжува, изјави изутринава началникот на оперативниот градски центар за вонредни ситуации, Александар Марсениќ.

- Во центарот на Обреновац секојдневно пристигнува помош во намирници, како и за заштита од поплави. Евакуацијата трае од минута во минута, се обидуваме на народот да му помогнеме што е можно повеќе, истакна Марсениќ.

Тој апелираше до жителите на Обреновац, кои останале во своите домови да не излегуваат од куќите се додека не пристигне помош за да ги евакуира.

Марсениќ додаде дека екипите за дезинфекција за на терен.

Во меѓувреме советникот на директорот на полицијата, Братислав Дикиќ изјави дека ситуацијата во регионот на Термоелектраната Костолац Б е под контрола и оти Млава е во опаѓање.

- По 48 часа борби со поплавите во регионот на Костолац Б, поплавите ги ставивме под контрола. Имавме пробивање на три насипи во јужниот дел на тој регион во текот на вчерашниот ден. Потоа одлучивме водата тактички да ја пренасочиме кон старото корито на реката Млава, откако не успеавме да ја спречиме, додаде Дикиќ.

Вчера исто така е воспоставен заштитен насип во должина од девет километри, со цел да се заштити Термоелектраната и комплетната населба.

- Имавме подготовки за евакуација на населението, но тоа не е евакуирано, бидејќи немаше потреби, потсети Дикиќ.

Српското Министерство за внатрешни работи соопшти вчера дека на територијата на Ваљево, Белград, Обреновац, Шабац, Пожаревац и Крагуевац голем број патни правни се непроодни за сообраќај, но оти ситуацијата на одредени сообраќајници постепено се нормализира.

Сообраќајот е стопиран на делниците Осечина-Доње Црниљево, Пожаревац-Врбница, Жабари-Петровац, Братинац-Кличевац-Речица, во селото Маљуревац, патот за термоелектраната, бидејќи се излеа Млава, како и на делницата Лозница-Мали Зворник-Љубовља (во местото Мали Зворник) поради појава на лизгање  на земјиште.

Прекинот на сообраќајот е во сила и на делницита Рогачица-Корстојевиќи, Костојевиќи-Дуб, Рогачица-Бајина Башта и Костојевиќи-Варда.

Сообраќајот е во прекин и на делниците Белград-Умка, Умка-Обреновац-Учше, Наномир-Мионица-Дивчибаре, Калиманичи-Шилопај, Пожаревац-Велико Градиште, поради излевањето на реката Млава, потоа Венчане-Даросава, Дичи-Бољковци, Крадина Лука - Срасле Букве, Љиг-Латковиќ и Лајковац-Бругле.

Спасувачки тимови од 17 земји се ангажирани за помош на поплавените подрачја, изјави синоќа за Танјуг заменик-началникот на Секторот за вонредни ситуации на српското МВР, Иван Барас.

- Во Србија во моментот работат спасувачките тимови со пумпи со голем капацитет или со чамци од Русија, Бугарија, Словенија, Германија, Австрија, Унгарија, Чешка, Македонија, Црна Гора..., наведе Барас.

Од Русија по големата помош со 76 спасувачи од руското Министерство за вонредни ситуации, кои во Обреновац се веќе три дена и без прекин работат на евакуација на загрозените, на нишкиот и белградскиот аеродром вчера слетаа уште два авиони со хуманитарна помош и техничка опрема, а за денеска е најавен уште еден авион.

На Србија вчера и помогнаа и хеликоптери од Германија, Швајцарија, Белорусија, Македонија и еден контингент на Еулекс, додаде Барас.

Од завчера на терен се и седум хеликоптери од Словенија и Унгарија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...